Помал број Руси сака да се закопа телото на Ленин

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Еднаков број испитаници смета дека телото би требало да остане на Црвениот плоштад.

Бројот на Руси кои сметаат дека телото на Владимир Ленин треба да се закопа е во пад. Всушност, дел од оние кои поддржуваат закоп на втемелувачот на Советскиот Сојуз од пролетта оваа година се намали за 17 проценти. Во моментов 41 отсто од испитаниците смета дека Ленин би требало да биде закопан, покажува истражувањето на „Левада центар“.

Еднаков број луѓе смета дека телото би требало да остане во мавзолејот на Црвениот плоштад, додека 18 отсто испитаници не успеаја да се решат за одговор.

Во март и април 58 отсто испитаници беа за Ленин да се закопа.