Телото на Владимир Илич Ленин, основачот на СССР, лежи во мавзолејот на Црвениот плоштад.
РојтерсВаква изјава даде рускиот политичар во текот на серускиот младински форум „Територија на смислите“. Според Зјуганов, прашањето за преместување на телото на Ленин било поставено на состанокот со претседателот. Тогаш лидерот на КПРФ истакнал дека до ѕидините на Кремљ се закопани останки „на суверени и членови на нивните семејства“. Политичарот потсетил дека за повторно закопување е потребна согласност од роднините. Според него, членовите на семејствата на воените команданти Георгиј Жуков, Константин Рокосовски и Александар Василевски, закопани до ѕидините на Кремљ, исто така се изјасниле против преместувањето на нивните останки.
„Треба да им се оддаде должната почит, рече Путин: „Додека седам овде, никакво варварство нема да има на Црвениот плоштад“, потенцира Зјуганов.
Во април пратениците во Државната Дума од „Единствена Русија“ и ЛДПР има изготвено предлог-закон за правен механизам за закопување на останките на Ленин.
Зјуганов ја нарече иницијативата „најголема“ провокација против државноста и „испад“ против апелите на Путин за сплотување на општеството поради санкциите.
Според анкетата на „Левада-Центарот“ повеќе од половина од Русите сметаат дека телото на Ленин треба да биде погребано. Според 32 проценти од испитаниците, неговиот гроб треба да биде до ѕидините на Кремљ, уште 26 проценти од испитаниците поддржуваат Ленин да биде погребан на Волковските гробишта во Санкт Петербург. Телото на Ленин лежи во мавзолејот на Црвениот плоштад од 1924 година, пишува „Рамблер“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче