10 фотографии на Владимир Ленин кои веројатно никогаш не сте ги виделе

ZUMA Press/Global Look Press
Советските луѓе беа навикнати на фотографии на Ленин додека тој држи говори или разговара со обичните луѓе. Да погледнеме сега 10 фотографии од прочуениот револуционер кои го претставуваат во сосем поинакво светло.

Ленин (лево) со сестра му Олга во Симбирск (Улјановск) 1874 година. Од сите членови на семејството Владимир најмногу ја сакал Олга. Таа умрела од тифус кога имала 20 години (1891). Штом се вратил од емиграција во април 1917 Ленин отишол на нејзиниот гроб во Петроград (Санкт Петербург). Велат дека тоа било првото нешто што го сторил.

Ленин (десно) игра шах со рускиот научник и револуционер Александар Богданов. Партијата шах ја следи Максим Горки (стои со шешир на главата). Островот Капри 1908.

Ленин во прошетка покрај полскиот град Закопане (1913). Во овој  крај, во селото Поронин во Галиција (областа тогаш ѝ припаѓала на Австро-Унгарија) Ленин живеел од 1912 до почетокот на Првата светска војна. Бил уапсен под сомнение дека е шпион, но потоа бил ослободен.

Владимир Бонч-Бруевич и Ленин во прошетка покрај ѕидините на Кремљ, 16 октомври 1918. Советскиот политичар, историчар и писател Бонч-Бруевич му бил личен секретар на Ленин и пријател.

Ленин ја разгледува спомен-плочата на паднатите за мир и дружба на народите, 7 ноември 1918.

Ленин на погребот на револуционерот Марк Елизаров, 13 март 1919. Марк бил сопруг на сестрата на Ленин Ана.

Ленин на Црвениот плоштад. Работнички демонстрации посветени на Големата октомвриска социјалистичка револуција, 7 ноември 1919.

Ленин на Третиот конгрес на Коминтерната во Кремљ, 7 јули 1921.

Ленин си игра со новиот пес на имотот на Максим Горки покрај Москва (1922). Лекарите му советувале на Ленин да поминува повеќе време со животни за да си ги смири нервите.

Ленин са братанецот Виктор, син на Дмитриј Улјанов, 1922. Виктор стана инженер, работеше и живееше во Москва.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња