Петте најинтересни споменици на Ленин

Кубански војник на стража пред споменикот на водачот на Руската револуција и основач на Советскиот Сојуз Владимир Ленин во Хавана. Извор: АР.

Кубански војник на стража пред споменикот на водачот на Руската револуција и основач на Советскиот Сојуз Владимир Ленин во Хавана. Извор: АР.

И денес, по 100 години по Октомвриската револуција, не постојат точни податоци за тоа колку споменици му се подигнати на водачот на револуцијата и основач на СССР В.И.Ленин . Денес во Русија останаа над шест илјади статуи на првиот советски водач. Споменици на Ленин сè уште постојат во земјите од поранешниот источен блок, на Куба, на Антарктикот, па дури и во САД. Russia Beyond Македонија ви ги претставува петте најинтересни споменици на Ленин.

Првиот споменик 

Првата биста на водачот на Револуцијата која подоцна била поставена во Петроград го изработил вајарот Георгиј Алексеев на 19 февруари 1919 година. Но, се смета дека првиот официјален споменик на Ленин е подигнат во Ногинск. Овој споменик ја прикажува целата фигура на Ленин, а откриен е следниот ден по смртта на Владимир Илич, на 21 јануари 1924 година.

Највисокиот споменик


Фотографија: Nina Vestergaard Andersen

Највисокиот споменик на Ленин се наоѓа во Волгоград. Споменикот е висок 57 метри, а составен е од постамент и од скулптура на Ленин висока 27 метри. Ова грандиозно дело на Евгениј Вуќетиќ, советски вајар со српско потекло, влезе во Гинисовата книга на рекорди како највисок споменик подигнат на некоја реална личност. На второ место според висината е споменикот на Ленин висок 25 метри кој се наоѓа на кејот во подмосковскиот град Дубна. На спротивниот брег на Волга, наспроти споменикот на Ленин, порано стоел споменик на Сталин, а сега на тоа место е останат само постамент.

Најнепристапниот споменик


Ленин кој од Антарктикот гледа во насока на Москва. Фотографија од слободни извори.

Најнепристапниот споменик на Ленин е подигнат на Антарктикот. Третата советска антарктичка експедиција која ја предводел Евгениј Толстиков во 1958 година има основано на Антарктикот поларна станица под назив „Пол на непристапноста“ (најтешко достапната точка на Антарктикот), е оддалечена 463 километри од Јужниот пол. На ова место е поставен споменик кој го претставува Ленин како гледа во насока на Москва.

Споменик кој се гледа од вселената


Сателитската снимка покажува дека видливоста од космосот не е метафора. Извор: Google Maps.

Највпечатлив е споменикот на Ленин кој се гледа од вселената. Се наоѓа помеѓу селата Труд и Знание на границата помеѓу Сибир и Казахстан. Пред четириесет години главниот шумар на тамошното ловечко-шумско стопанство Александар Каншчик засадил дрвја во облик на огромен натпис „100 години Ленин“(„Ленину 100 лет“). За овој натпис потребни биле дури еден милион садници. Буквите се високи сто, а широки се педесет метри. Овој необичен натпис е откриен релативно скоро со помош на ЗД мапата на Гугл „Google Earth“.

Најголемата глава на првиот советски водач

Фотографија: Андреј Ринчино. 

Најголем број улици

Федералниот адресар објави список на најпопуларните називи на улици во Русија. Меѓу историските личности чии имиња ги носат улиците на прво место и понатаму останува Ленин. Во Русија има останато 7.674 улици кои го носат името на водачот на Револуцијата, иако овој број постепено се намалува. На второ место, веднаш зад Ленин, се наоѓа првиот космонаут Јуриј Гагарин.

Исто така, московското метро и денес го носи името на Ленин.

Севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ил во август 2011 година, неколку месеци пред смртта, беше во официјална посета на Русија и се поклони на споменикот кој ја претставува главата на Ленин. Оваа најголема глава на Ленин во светот се наоѓа во градот Улан Уде, престолнината на Република Бурјатија, еден од четирите претежно будистички руски региони. Димензиите на скулптурата се 7.7 м. Х 4.5 м., а тешка е дури 42 тони. Оваа грандиозна глава на Ленин е изградена во Митишчинската каменорезачка работилница и поставена е пред зградата на владата на Република Бурјатија во 1971 година, по повод стогодишнината од раѓањето на В.И. Ленин. 

По распадот на СССР се зборуваше за нејзино отстранување. Но, наместо да биде отстранета, скулптурата беше реставрирана. Граѓаните на Улан Уде за својот необичен споменик направија и огромна шубара со наушници („ушанка“).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња