Десет нешта кои никогаш не треба да им ги подарите на Руси

Legion Media
Верувале или не, светот е преполн со суеверие! И Русија не е исклучок. Ако сте во дилема што да му подарите на Русин или Русинка, проверете го првин овој список со непожелни подароци и избегнувајте ги по секоја цена.

1. Парен број на цветови

Дури и руските деца знаат дека во букетот мора да има непарен број на цветови, затоа што парен се носи на гробишта. Ова суеверие влече корени уште од паганско време. Словените верувале дека парниот број симболизира завршеност на циклусот, односно смрт. Дури и денес во рускиот јазик живее поговорката „несреќата никогаш не доаѓа сама“. Додека непарниот број го симболизира животот и ве штити од лошите духови. Меѓутоа, исто така, нема да најдете Русин кој не ги потпевнува зборовите на песната за тоа како некој фраер ѝ подарил на саканата „милион, милион, милион црвени рози“!

2. Нож, ножици и други остри предмети 

Русите веруваат да острите подароци им носат несреќа на сите домашни. Дури и украсното оружје, бричеви и виљушки можат да предизвикаат несогласување. Сетот тоа се разбира не важи за народите од Кавказо. Тие отсекогаш подарувале секакво ладно оружје.

3. Празен паричник 

Нема смисла да се подарува паричник без пари. Затоа што Русите веруваат дека, колку и да е убав, тој секогаш ќе биде празен.

4. Шамиче

Шамичето е исто така непожелен подарок, и не затоа што ве потсетува на кивавица. Човекот кому му подаруваат шамиче мисли само на солзите што ќе ги брише со него.

5. Медицински апарати

И апаратите и сѐ што е поврзано со болести можат само да го потсетуваат човека на сѐ што го мачи и да му ја влошат психофизичката состојба.

6. Огледало 

Огледалото отсекогаш е поврзувано со мистика и затоа не е најдобар подарок. Русите не сакаат ниту да се гледаат во туѓо огледало,  а не па да го добијат од туѓи раце. Стари огледала исто така не се омилени затоа што се смета дека во нив се „огледуваат“ настаните од минатото и дека зрачат со негативна енергија.

7. Пантофли 

Русите одат по дома во пантофли и секогаш ќе најдат резервен пар пантофли за секој гостин. Но, немојте да му подарувате пантофли на Русин! Се верува дека човекот кому сте му подариле пантофли долго ќе боледува или дека го чека пат во болница. Во селата сето тоа ќе се доживее уште полошо. Особено ако пантофлите се бели (покојниците ги погребуваат во бели пантофли).

8. Чорапи

На маж или момче не смеете да им подарувате чорапи, затоа што мажот или момчето можат туку-така да избегаат, макар и во истите тие чорапи. Чорапите предизвикуваат караници дома. Наспроти тоа, некои жени ги наговараат своите свекрви да им подарат на синовите чорапи. Некои жени едноставно не знаат како на друг начин да се ослободат од влијанието на своите свекрви.

9. Козметика 

Шампон, сапун, дезодоранс и други миризливи производи можат да бидат погрешно сфатени. Да речеме како алузија на тоа дека некој не се грижи многу за хигиената.

10. Бисер

Оваа традиција доаѓа од Грција, каде бисерите биле симбол на вдовиците или сирачињата. Затоа не им се подарува на млади жени накит од бисери. Ако девојка ве замоли да ѝ подарите бисери, барајте од неа паричка, а уште подобро е ако ѝ дадете пари самата да си купи бисери.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња