Речиси сите билети за Светското првенство продадени за само еден ден по продолжувањето на продажбата

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Навивачите купија 98 отсто од расположливата квота достапна за време на втората фаза од продажбата.

Фудбалските навивачи имаа уште една шанса да купат билети за Светското првенство на 16 ноември, но мораа да бидат брзи. Втората фаза од продажбата не траеше долго:  вкупно 159402 билети беа продадени (98 отсто од достапната квота) за само неколку часа.

Додека организаторите планираа да ја вршат продажба до 28 ноември, сега само мал број на билети останаа во продажба.

Според ФИФА, 51 отсто од барањата за набавка потекнуваат од Русија, додека останатите 49 отсто - од други земји, вклучувајќи ги Мексико, САД, Бразил, Колумбија, Кина, Австралија, Германија и Индија.

Нова серија билети ќе биде достапна за купување на 5 декември, по завршниот ждреб.

Првата продажба започна на 1 октомври, кога беа продадени неверојатни 622117 билети за возбудените фанови.