Натпреварите на Светското фудбалско првенство ќе можат да ги следат по најниски цени само руските граѓани. Цените на билетите за отворањето на Мундијалот ќе се движат од 3200 до 33000 рубли, а влезниците за мечевите од групната фаза на турнирот ќе чинат од 1280 до 12600 рубли. Билетите за мечевите во плеј-офот ќе зависат од фазата. За осминафиналето цените се од 2240 до 14700 рубли, за четвртфиналните натпревари од 3800 (46 евра) до 21900 (318 евра) и за полуфиналето од 4480 (65 евра) до 45000 рубли (653 евра).
Љубителите на фудбалот кои ќе сакаат да присуствуваат на одмерувањето на силите на своите фаворити за бронзениот медал ќе мораат да издвојат од 3800 рубли (55 евра) до 21900 рубли (318 евра), а за финалниот натпревар на Мундијалот - од 7040 (102 евра) до 66000 (958 евра) рубли. Продажбата на билетите почнува на 14 септември напладне по московско време.
Претседателот на Рускиот фудбалски сојуз Виталиј Мутко им вети на Русите достапни билети за Светското првенство уште во јули.
Право на купување на билети од најевтината, четврта категорија ќе имаат руските граѓани, чија земја е домаќинот на Мундијалот. За натпреварите од групната фаза на Купот на конфедерациите тие билети чинеа 960 рубли (14 евра).
Светското првенство во фудбал ќе се одржи од 14 јуни до 15 јули во вкупно 11 руски градови, пренесува „Лента.ру“.
Како да се добие фан-карта за мундијалот во Русија?
Навивачите со билети ќе можат да дојдат во Русија на СП-2018 без виза
Мутко: Светското првенство во фудбал ќе ја чини Русија 360 милијарди рубли
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче