Мутко: Светското првенство во фудбал ќе ја чини Русија 360 милијарди рубли

Фудбалер на фудбалско игралиште на Црвениот плоштад пред откривањето на часовникот кој ќе одбројува 1000 дена до почетокот на Светското фудбалско првенство 2018. 18 септември 2015, плоштад „Манежнаја“, Москва, Русија.

Фудбалер на фудбалско игралиште на Црвениот плоштад пред откривањето на часовникот кој ќе одбројува 1000 дена до почетокот на Светското фудбалско првенство 2018. 18 септември 2015, плоштад „Манежнаја“, Москва, Русија.

EPA
Првично беше најавено дека Светското првенство 2018 ќе чини околу 10 милијарди долари, односно 336 милијарди рубли.

Претседателот на Рускиот фудбалски сојуз и потпретседател на руската влада Виталиј Мутко изјави дека Русија ќе потроши околу 360 милијарди рубли (околу 5,3 милијарди евра) на организација и одржување на Светското фудбалско првенство во 2018 година, пренесува RT.  

Според Мутко, првично беше најавено дека Светското првенство 2018 ќе чини околу 10 милијарди долари, односно 336 милијарди рубли. Со текот на времето таа сума достигна 360 милијарди рубли, од кои 200 милијарди се вонбуџетски средства, а 100 милијарди се средства од буџетот на руските региони.

Потпретседателот на руската влада истакна дека трошоците за спортската компонента на првенството, вклучувајќи ги стадионите и терените за тренинг, не надминуваат 140 милијарди рубли (2 милијарди евра).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња