Знаеме како оди тоа: ќе се опиеш, нема да знаеш што правиш и ќе се разбудиш следното утро обидувајќи се да се сетиш што се случило. Еден човек од Москва ја доведе оваа ситуација до крајност: на 12 ноември тој испил толку многу алкохол што се сопнал додека пушел цигара и паднал од прозорецот на својот стан што се наоѓа на деветти кат.
Паднал на бетонот, но наместо да оди кај Св. Петар, тој само се изгребал тркалајќи се низ покривот, ја повикал полицијата и се вратил во својот стан. Кога полицајците најпосле се појавиле на неговиот праг, тој веќе целосно заборавил што се случило!
Па сепак, лекарите за секој случај го однеле полупијаниот човек во болница. Можеби старата фраза „пушењето убива“ сепак не е сосем точна.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче