Пензионерките кои под дејство на алкохол украдоа трамвај по првомајските демонстрации се приведени во Самара.
Осомничените А.Н. Антипова, родена 1957 година, и Д.М. Кљученко, родена 1958 година, беа приведени по пријава до полицијата поради гласно пеење. Претставниците на редот и мирот ги препознаа во пензионерките „првомајските крадливки на трамвај“ и ги однесоа во полициска станица, пренесува порталот „Фибстер.ру“.
Пензионерките признаа дека го грабнале трамвајот и објаснија дека до заминувањето во пензија работеле на иста трамвајска линија: Кљученко била возач, а Антипова кондуктер. Под дејство на алкохол другарките решиле да го „позајмат“ трамвајот и да се „потсетат на старите времиња“. Во текот на возењето тие превезле околу 250 патници и заработиле 1350 рубли. Парите ги потрошиле на алкохол и пита со месо.
Началникот на градското сообраќајно депо ги препознал осомничените поранешни колешки. Тие се пуштени на слобода, а им сезаканува казна до 200 илјади рубли или лишување од слобода до седум години.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче