Домашната вотка сè попопуларна

Извор: ИТАР-ТАСС.

Извор: ИТАР-ТАСС.

Во Русија нагло е зголемена побарувачката за казани за дестилација на алкохол.

Во Русија е зголемена побарувачката за домашните уреди за производство на алкохол. На ваков начин некои граѓани наоѓаат алтернативно решение за сè поскапата вотка и со тоа се заштитуваат од сурогатите кои се сè почести во фабричкото производство. Некои, пак, се од оние романтичари за кои подготовката на домашен алкохол не е само хоби, туку во прашање е и фамилијарната гордост. 

Секоја година во Русија се печат 250 милиони литри домашен алкохол, пресметале во Центарот за проучување на федералниот и на регионалниот пазар на алкохол. Цената за литар домашен алкохол е околу 40 рубли (едно евро). Ова е особено исплатливо ако се земе предвид дека минималната цена за половина литар алкохол во продавницата е околу 170 рубли (4.2 евра). 

Вотката и нејзините тајни
„Руска реч“ ви дава совети како да изберете вистинска вотка и како и со што да ја пиете

Правењето домашен алкохол за продажба е незаконско, но е дозволено за домашна употреба. На домашниот алкохол отпаѓаат 20% од незаконскиот алкохол. 

Произведувачите на опрема им го олеснуваат животот на современите производители на домашен алкохол. Дозвола е потребна само за индустриско производство, а за домашна употреба доволно е само уверение дека сè е во согласност со прописите. „Руска реч на македонски“ разговараше со десетина големи производители и трговци на опрема за производство на алкохол. Сите тие ја потенцираат зголемената побарувачка кај потрошувачите. 

Во текот на една година продажбата е порасната за петпати, тврди претставникот на една од најголемите Интернет-продавници за продажба на стока за производство на домашен алкохол Евгениј Демидов. Главно се тргува со стока од една руска фабрика, но има и ексклузивни производи како што е португалски апарат за калвадос и за џин. Секако, рачно изработка. Порастот на продажбата Демидов го поврзува со фактот што алкохолот во продавниците станува сè поскап. Во оваа компанија цел комплет за производство на домашен алкохол чини 15 илјади рубли (380 евра). Зголемена продажба забележува и Алексеј Кожекин, раководител на одделот за продажба на една друга московска продавница. Неговата компанија дневно продава околу 25 уреди. Во провинција заминуваат 70% од нив, вели тој. „Ги нарачуваат како од големите, така и од малите градови, понекогаш ги нарачуваат од такви села каде дури и пошта не доаѓа“, изјавува тој. Во селата продавачите забележале интересна тенденција – доколку во селото испратиле еден прибор, наскоро оттаму доаѓа нарачка за друг. Изгледа никој не сака да заостанува зад соседот. Има многу нарачки од јужните региони. На север предничи Архангелск. Сепак Кожекин директно не ги спојува порастот на продажбата со поскапувањето на вотката. „Луѓето сакаат поквалитетен алкохол, нашите купувачи се имашни луѓе, на кои им се допаѓа самиот процес на подготовка“, забележува тој. 

Квас – вистински национален пијалак на Русија
Чудесно пријатен пијалак со мал процент алкохол, газиран и со златно-кафеава боја од дамнина до денешен ден ја гаси жедта на Русите

Навистина, некои ентузијасти се многу горди на своето производство. Тие не само што купуваат или прават најсложена опрема, туку дури и нарачуваат во печатниците ексклузивни етикети, за потоа да можат своето производство да им го подаруваат на своите пријатели и на роднините. 

„Причините за купувањето се различно, но главната е што на луѓето им е преку глава да пијат отрови“, лаконично изјавува продавачот Иван, кој работи во една продавница за опрема за приготвување домашна вотка. Во споредба со минатиот јуни тука продажбата е порасната за 15%, а средната сметка е 300 долари. 

„Порастот на минималната цена, на акцизите и на нелегалното производство доведуваат до зголемување на популарноста на печењето алкохол во Русија“, предвидува Вадим Дробиз, основач на Центарот за истражување на федералните и на регионалните пазари на алкохол. Според него печењето ракија е актуелно за три слоја население – малоимашните, небогатите творечки професионалци и имашните граѓани. Оние што не се богати порано пиеја нелегални сурогати, но сега тоа стана опасно. 

Богатата публика е пред сè заинтересирана за заштита од неквалитетното производство – виски и коњак се фалсификуваат со исто толкав успех, како и евтината вотка и виното. „Ним не им е важно колку чини алкохолот. На прв план излегува потребата за творештво, желбата да се воодушеват другарите и прашањето за фалсификат“, смета Дробиз. Тие во овој процес гледаат и една романтична страна. „Руската домашна вотка ќе биде исто толку позната, како и францускиот коњак или шкотското виски, - предвидува Демидов. – Можно е дури и да се појави специјален збор, со кој ќе се означува руската домашна вотка, од типот на американскиот „муншајн“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња