Анкета: Русите веќе не се толку песимисти во однос на својата финансиска состојба

Алексеј Гингазов/Global Look Press
Постепеното зголемување на потрошувачката и платите го подобрува јавното расположение.

Русите станаа помалку песимистични за својата финансиска состојба, покажува една неодамнешна студија. Ова, се разбира, не мора да значи дека луѓето се поголеми оптимисти - тоа само покажува дека јавноста може да се справи со кревката економска ситуација во земјата – паралелно со другите нешта.

Сепак во споредба со минатата година, процентот на оние кои ги чувствуваат позитивните промени, меѓу песимистите речиси се зголемил двојно. Во 2016 година песимисти имало 19,1%, а во 2017 тие се 11,7%. Експертите велат дека промената во ставовите може да се должи на многу бавното, но стабилно зголемување на платите и потрошувачката.

Русите под 30-годишна возраст се најоптимисти во врска со својата финансиска иднина, а генерацијата постара од 50 години целосно ја отфрла оваа проценка, демонстрирајќи загрижувачки песимизам што се однесува до нивната финансиска благосостојба.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе