Анкета: 90% од руските граѓани горди на својата армија

Руски војници на Парадата на Победата.

Руски војници на Парадата на Победата.

mil.ru
36% испитаници сметаат дека руската армија е најдобра на светот.

Во текот на изминатите три години, процентот на руски граѓани кои се гордеат со Вооружените сили на земјата порасна 63% на 90%, изјави раководителот на Серускиот центар за испитување на јавното мислење (ВЦИОМ) Валериј Фјодоров за време на тркалезната маса „Војската и воената индустрија – основа на интелектуалното и технолошкото лидерство на Русија", која се одржа во рамките на форумот „Армија-2017“.

Според раководителот на ВЦИОМ, 36% од испитаниците сметаат дека руската армија е најдобра во светот. 47% сметаат дека руската војска е една од најдобрите во светот. Притоа 10% мислат дека руските Вооружени сили „малку заостануваат“ зад најдобрите армии во светот, а 2% одговориле дека борбената способност на руската војска е „многу ниска“, пренесува ТАСС.  

14% од испитаниците сметаат дека најважниот настан во поновата историја на земјата е присоединувањето на Крим, 12% го истакнуваат значењето на Олимпијадата во Сочи, а 10% му придава особено значење на развојот на Вооружените сили, соопшти раководителот на Серускиот центар за истражување на јавното мислење.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња