Анкета: Од што се плашат Русите?

Global Look Press
Граѓаните на Русија најмногу се плашат од појава на болест во семејството и меѓу пријателите, стравуваат и за сопственото здравје, се плашат од сиромаштија и избивање на нова светска војна, утврдија социолозите на Центарот за истражување на јавното мислење „Левада-Центар“ врз основа на анкетата спроведена во август.

37% од испитаниците соопштиле дека чувствуваат постојан страв од појава на болест во семејството и меѓу пријателите, 21% признаваат дека стравуваат од избивање на нова светска војна, додека 20% се плашат од болест и мачење, а 17% од сиромаштија.

На ранг-листата на стравови на руските граѓани следуваат: смрт, елементарни непогоди, напади на криминалци, самоволие на власта. Жителите на Русија малку помалку стравуваат од губење на имотот, старост, губење на работата, јавно понижување, сида, враќање на репресиите.

Анкета е спроведена од 18 до 22 август 2017 година на репрезентативен примерок меѓу 1600 испитаници на возраст над 18 години во 137 населени места во 48 региони на Русија по пат на лично интервју на домашната адреса на испитаниците, наведуваат истражувачите.

Анкета: 84% од Русите се чувствуваат среќни ова лето

Анкета: 53% од Русите не ги интересира политика

Анкета: Русите кажаа кои се најголемите проблеми во земјата

Русите подобро ја оценуваат политичката и економската ситуација во земјата

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња