Сѐ повеќе Руси штедат во рубли

Банкноти од 1000 рубли и монета од 1 рубља.

Банкноти од 1000 рубли и монета од 1 рубља.

Денис Рогулин/ТАСС
Притоа една третина од населението воопшто нема заштеди.

Условите за штедење се поповолни денес отколку што беа пред една или две година: ако 41% од Русите во јули 2015 велеа дека немаат заштеди, во јули 2017 има значително помалку Руси без заштеда - 33%, соопштува Серускиот центар за истражување на јавното мислење.

Традиционално, основна валута во која се штеди е рубљата – неа ја бираат 63% на граѓаните (53% во јули 2015), покажуваат резултатите од телефонската анкета спроведена на 27-29 меѓу 1800 луѓе, пренесува „Интерфакс“.

Доларот и еврото ги избираат 5% и 3% од испитаниците (7% и 5% во јули 2015 года). Во други валути штедат 1% од испитаниците. Една третина од испитаниците (33%) истакнуваат дека немаат никакви заштеди. На прашањето во која валута би штеделе, испитаниците можеа да дадат најмногу три одговори.

Според податоците од анкетата, стапката на промена на курсот на американската валута редовно ја следат 19% од испитаниците, 42% ја следат одвреме-навреме (13% и 32%, соодветно, во јули 2015 година). Не го следат курсот на валутите 39% од Русите (47% во 2015 година).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња