Градежни работници.
Михаил Мецел/ТАССНиските плати трет месец по ред го заземаат првото место на листата со проблеми во Русија – во јули 24% од Русите го изјавија тоа (наспроти 18% во јануари и 14% во јули 2016 година). Уште 21% ги загрижува состојбата во економијата, а 18% социјалната политика, пренесува „Взгљад“.
Во актуелните проблеми исто така спаѓа состојбата во сферата на здравството (17%), невработеноста (14%), проблемите во сферата на образованието и ниските пензии (по 12%), инфлацијата и корупцијата (10%) и состојбата во градежништвото (8%).
Анкетата е спроведена од 27 јули до 1 август во 130 населени места во 46 области на Русија. Бројот на испитаници е 1,6 илјади луѓе, максималната грешка со веројатност од 95% не надминува 3,5%.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче