Анџелина Џоли се појави на „црвениот тепих“ во фустан на руски дизајнер

Мината недела актерката Анџелина Џоли присуствуваше на премиера облечена во бел фустан на Улјана Сергеенко.

На 20 октомври холивудската ѕвезда и амбасадор на Обединетите Нации Анџелина Џоли присуствуваше на премиерата на нејзиниот анимиран филм The Breadwinner облечена во бел фустан од креп на рускиот дизајнер Улјана Сергеенко.

Американската актерка Анџелина Џоли на премиерата на The Breadwinner. 20 октомври 2017, Лос Анџелес, Калифорнија, САД.

Сергеенко е позната по тоа што има шиено за многу ѕвезди, не само во Русија, туку и во странство. Нејзини дизајни носеле Дита фон Тис, Ема Стоун, ѕвездата на „Игра на тронови“ Емилија Кларк, Леди Гага, па дури и Бијонсе!

Родум од Уст-Каменогорск во Казахстан, Сергеенко се омажи за рускиот олигарх, милијардерот Данил Хачатуров. Таа почна со својот сопствен бренд во 2011 година и набрзина се здоби со репутација на водечки дизајнер.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња