Играта со костими што доаѓа од јапонската поп култура наречена косплеј за Александар Кравц е малку повеќе од хоби. Тој речиси секојдневно на многу едноставен начин се претвора во ликови од холивудските филмови, а армијата следбеници на „Инстаграм“ докажува дека неговите напори се почитуваат и вреднуваат.
Овој менаџер од Москва со години имал типичен „Инстаграм“ профил, сѐ додека во 2015 година одненадеж не се вљубил во косплејот.
Sasha Walek
Толку се впуштил во оваа модерна јапонска вештина на костимирање, што на неговиот „Инстаграм“ не останало место за обични фотографии. Речиси сите фотографии на Саша сега се имитации на јунаци од ТВ серии, филмови и игри.
Sasha Walek
Својата вештина Александар ја нарекува „лесен вид на косплеј“, минималистичка, која бара само предмети кои секој ги има дома: лонец, тавче, фен за коса, виршли...
Sasha Walek
Најголемиот предизвик му била имитацијата на Доктор Октопус од филмот „Спајдермен 2“. Саша со часови комбинирал тегови, конецот, селотејп, скали и правосмукалка. Само поради една добра фотографија!
Sasha Walek
Александар сака да фотографира на необични места. Вели дека еднаш се прикрал во руска воена база, внимателно заобиколувајќи ги патролите.
Sasha Walek
Својата активност ја нарекува „обично зафркавање“, меѓутоа, изгледа дека тоа за него е нешто повеќе од хоби. Александар ги објавува своите фотографии 3-4 пута неделно. Вистинска страст, зар не?
Sasha Walek
На „Инстраграм“ има речиси 50000 следбеници, па сепак не сака да се претставува како блогер. Публика му праќа идеи кои тој често и со големо задоволство ги реализира.
Sasha Walek
Домашните миленичиња играат важни улоги во косплејот на Саша. Улогата на диви ѕверови, на пример...
Sasha Walek
или на чудовишта од вселената...
Sasha Walek
па макар и на шапки.