Ралф Фајнс во улогата на Онегин, 1999.
KPA/Global Look PressЗа да ги привлече странските режисери во руската престолнина и за да се олесни меѓународната филмска продукција, градската управа на Москва формираше специјална агенција „Кинокомисија“. Но, во последниве децении американски и европски филмови беа снимени во Москва и во други руски градови.
Улиците на Москва и Санкт Петербург биле сведоци на Арнолд Шварценегер како послушен советски полицаец и на Пирс Броснан како неразумен возач на тенк. И Брус Вилис и Том Круз го спасуваа светот на руски сет.
Еден од најновите блокбастери снимен во Русија, е адаптацијата на Би-Би-С" (BBC) на „Војна и мир“ од Лев Толстој, која беше емитуван на почетокот на 2016 година. Некои делови од серијата се снимени во вториот по големина град во Русија - Санкт Петербург. Еве листа од 10 други познати западни филмови со сцени снимени во Русија.
1. Црвена жештина, 1988
Како еден од првите холивудски филмови во кои Русите не се претставени во негативно светло, а во главната улога е Арнолд Шварценегер. Тој игра советски полициски службеник, кој следи руски криминалци кои се упатиле кон САД. Тоа беше времето на перестројката што сега изгледа време на неверојатно топли односите помеѓу Истокот и Западот. Освен тоа во тоа време режисерите не успеаја да добијат дозвола да снимаат на Црвениот плоштад и од таа причина се преправаа дека прават домашно видео со Шварценегер во полициска униформа.
2. Руска куќа, 1990
Продуцентите на „Руска куќа“ - шпионски филм во кој глумат Шон Конери и Мишел Фајфер, немале проблем да снимаат во Москва и Ленинград. Филмот, снимен непосредно по „Црвена жештина“, станува втора голема холивудска продукција, снимена во СССР. Тоа е и втора посета на Шон Конери на Советскиот Сојуз. Дваесет години претходно тој играше во „Црвениот шатор“, последниот филм на познатиот советски режисер Михаил Калатозов.
3. Полициска академија 7: Мисија Москва, 1994
Последниот седми дел од американската полициска комична сага завршува со оваа епизода во Русија. Таа е снимена есента 1993 година, кога во Москва избувнува вооружено востание на лојални на претседателот Борис Елцин војници кои ја стрелаа Белата куќа. Овие настани стануваат причина за намалување на сцените во филмот. Патем, во филмот може да се види оштетената зграда.
4. Златното око, 1995
Првиот филм од серијалот Бонд со Пирс Броснан како агент 007 содржи извонредна сцена на гонење по улиците на Санкт Петербург. Бонд, возејќи украден тенк T-55, е зад петиците на својот главен непријател кој завршува во оклопен воз.
5. Ана Каренина, 1997
Оваа американска драма врз основа на познатиот роман на Лев Толстој во кој глуми Софи Марсо и е снимена во Русија. Филмот е делумно продуциран од компанијата на Мел Гибсон и е снимен главно во Санкт Петербург. Некои кадри се снимени и на локации во Москва; на пример една од сцените е снимена во Новодевичиот манастир - убава средновековна зграда во Москва.
6. Онегин, 1999
Оваа адаптација на класичниот руски роман во стихови, напишан од Александар Пушкин, е снимена во Санкт Петербург. Филмот доби мешани критики, иако многумина веројатно се сеќаваат на улогите на Ралф Фајнс како Онегин и на Лив Тајлер како Татјана, особено сцената со лизгалките на мразот на реката Нева.
7. Супериорноста на Борн, 2004
Крајот на вториот дел од серијалот за Борн е снимен во Москва, како и познатата трка со автомобили. Мет Дејмон целосно уништува руско такси, со кое се обидува да избега од своите противници, и во акцијата оштети уште многу други автомобили и предизвика хаос во центарот на градот. За оваа сцена двајцата каскадери ја добија светската награда „Бик“ во 2005 година.
8. Невозможна мисија: режим Фантом, 2011
Иако голем дел од дејствието на филмот се одвива во руската престолнина, повеќето сцени од Москва всушност биле снимени во Прага. На пример сцената каде терористи го креваат во воздух Кремљ, додека Том Круз очајно бега од Црвениот плоштад, не е снимена во руската престолнина. За да дадат чувство на автентичност, креаторите на филмот прават неколку широки кадри од центарот на Москва.
9. Заразно зло: одмазда, 2012
Идејата да се сними овој дел на футуристички хорор во Русија е предложена од актерката Мила Јововиќ и на крајот снимањето се одвива во Далечниот Исток на Русија, на Камчатка и во Москва. Според извештаите во медиумите снимањето на Црвениот плоштад се одвивало неколку часа и локалитетот бил затворен за јавноста. Во филмот Јововиќ води битки со жестоки мутанти во близина на Кремљ, а потоа влегува во метрото, слегува по ескалатор... но без да ја остави колата.
10. Добар ден да се умре машки, 2013
Исто како кај „Невозможна мисија: режим Фантом“, повеќето сцени во овој филм се направени во Будимпешта, иако дејството се случува во Русија. Според Брус Вилис, сепак, сцените на познатите московски облакодери се снимени во руската престолнина, а во една од нив хеликоптер безмилосно ја удира зградата на Московскиот државен универзитет со митралези и ракети.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче