1. „Денот на независноста“ (Independence Day) (1996)
Светот се соочува со неизбежен крах, а Американците гледаат вести од Русија - тие сепак сè уште се нарекуваат „Советски централни вести“, иако СССР го нема уште од 1991 година (00:15:01).
Screenshot from film
Чудна карта на Русија. Новосибирск е со ново име (Новосйойрск), Москва се пресели во Урал, а наместо Санкт Петербург гледаме Петроград - името на градот во текот на 1914-1924 година.
Screenshot from film
Рускиот воен штаб се наоѓа во близина на црква, а ако тоа е камуфлажа, зошто авионите не се покриени? (01:42:00)
Screenshot from film
Во штабот се руските војници кои поради некоја чудна причина преферираат да користат свеќи наместо светилки. Повторно ли сме во 1914 година?
Screenshot from film
2. Борновиот идентитет (The Bourne Identity) (2002) и Супериорноста на Борн (The Bourne Supremacy) (2004)
Сè е во ред додека Борн не најде рускиот пасош (00:17:00). На руски неговото име е напишано како Ащьф ЛШТШФУМ што по некоја чудна причина е преведено како Фома Кињаев (да, „нормално“ руско име). Се разбира, руските букви се апсолутно бесмислена глупост.
Screenshot from film
Креаторите на филмот се обиделе да го поправат овој гаф во продолжението на филмот – „Супериорноста на Борн“, но и тука нешто не е во ред - тука има едно „И“ повеќе од неопходните, а презимето е Кинијаев наместо Кињаев. Москва, пак, е испишана на англиски како „Moscou“ наместо правилното „Moscow“ (01:18:00).
Screenshot from film
Во Москва Борн бара едно девојче и една жена му ја кажува адресата - ул. „Отраднаја“, бр. 16. Ако сепак тој тргне да ја бара улицата, испишана во превод, никогаш нема да ја најде (01:24:00).
Screenshot from film
3. РЕД (RED) (2010)
Секој знае дека во Русија секогаш е ладно, еве зошто, кога Френк Моузес пристигнува во руската амбасада, наоколу е полно со снег, а Марвин носи зимска капа и бунда. Се разбира, зградата на амбасадата е украсена со мечка.
Screenshot from film
Кога Моузес влегува во зградата, гледаме многу натписи, од кои еден гласи – „темелна анализа“ (Тщательный анализ). Не знаеме што значи „СОСТRАЗАНИЕ“ (и зошто тоа е 45%), како и „формат директивы“. Останатите зборови се само збир од симболи кои не значат ништо.
Screenshot from film
4. „Фантастична четворка“ (Fantastic Four) (2005)
Креаторите на филмот „Фантастична“ четворка" измислиле фантастично име за бродот „Главичката на прстот на ногата“ (Головка пальца ноги) (01:37:00).
Screenshot from film
5. Добар ден да се умре машки (A Good Day to Die Hard) (2013)
На почетокот го гледаме случајот за синот на Џон Маклејн, испишан на руски. Повторно сценарио од Холивуд во кое заборавиле дека во Русија прво е испишан денот, а потоа месецот. Главните ликови одлучуваат да ја преминат руско-украинската граница незабележано, откако го крадат „Мајбах“ (зошто ли се одлучиле дека ова е најдобрата идеја?), во кој влегле со некаква метална шипка. Се разбира, аларм нема; сопственикот на автомобилот најверојатно ги потрошил сите пари за да ја купи колата (00:59:00).
Screenshot from film
Во САД на некои патни знаци е испишан бројот на жителите на даден град. Во Русија и Украина сепак нема ваква традиција (тука гледаме: Припјат, население 50.000) (01:02:38).
Кога единица од лоши роботи нишани кон посетителите на изложбата, на екранот се појавува натпис „цел“, на кој на руски пишува дека нешто „забранува преминувањето на податоци содржани во документот“ (запрещает прoход по ссылкам, имеющимся во документи) (01:39:00).
Screenshot from film
8. „Агентот Солт“ (Salt) (2010)
Се разбира, кога се прави филм за неверојатно убава руска агентка, продуцентите треба да додаваат секакви работи на кирилица. Но, дали навистина е императив на бирото во ЦИА таа да држи знаменце со натпис: „На учесниците во борбите во Чеченија“. Сериозно? Чудно како во нејзиниот дом не видовме матрјошки и балалајки (00:05:26).
Screenshot from film
Сослушување на Орлов: Василиј наместо Василевич (00:09:11).
На хеликоптерот е руското, а не советското знаме (00:11:00). Патем, годината е 1976.
9. „Невозможна мисија: Режим Фантом“ (Mission: Impossible - Ghost Protocol) (2011)
Новата Русија е толку јака. Изгледа тоа е модерниот затвор во Русија, а ѕидовите се осветлени како во Ермитаж (00:02:14).
Screenshot from film
Холивуд продолжува да штеди пари од консултанти што зборуваат руски. Насловот на мониторот за набљудување се едноставно случајно собрани букви (00:04:28).
Screenshot from filmГодината е 2011, но во центарот на Москва гледаме стар телефонски автомат, каде повик чини две советски копејки (00:17:45, 00:19:38).
Screenshot from film
Овој телефон се претвора во уред за тајни разговори и му ги покажува на Том Круз новите руски документи на име на „Анатолиј Фјодоров“, кои ќе му помогнат да влезе во Кремљ (00:18:37).
Screenshot from film
Во Кремљ сепак тој некако станува „Александар Самохвалов“ (00:22:49).
Screenshot from film
Повторно возбудливи вести од Мајка Русија. Секој знае што значи „Ред Счуаре“ (обид за испишување на англиското име на Црвениот плоштад (Red Square) на руски - всушност тоа звучи како „Ред сквер“ - заб. ред.) (00:36:25).
Screenshot from film
Едноставно се прашуваме дали на сите тајни чанти пишува: „Статус на руската нуклеарна боева глава“, дури и без да е наведено нејзиното име?
Screenshot from film
Во руската азбука има 33 букви, но на тастатурата на негативец има само 29 (01:49:18).
Screenshot from film
10. „Брзи и бесни 8“ (The Fate of the Furious) (2017)
Кул дечки, трки и осмиот дел од познатата филмска серија. Автомобилските натпреварувачи заминуваат за арктичкиот регион на Русија, во непознатата област Владовин. Се разбира, идеалната варијанта е тоа да се случи со црвен супер автомобил (01:29:45).
Screenshot from film
Зошто на хеликоптерот пишува „Опасно“? (01:31:00)
11. „Џон Вик“ (John Wick) (2014)
Листата завршува со овој трилер. Знае ли некој зошто руската мафија му се обраќа на Вик со „Баба Рога“? Чудно е што прекарот на убиецот е стара вештерка од бајките, која живее во шумата и јаде деца.
Screenshot from film
Пропуштивме ли нешто? Ги очекуваме вашите коментари подолу!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче