Видео: „Напиениот Спајдермен“ од Санкт Петербург

Петербуршките пранкери предводени од „Зелениот витриол“ снимија видео за авантурите на чудниот суперхерој.

Пранкерот „Зелениот витриол“ сними видео за „Неверојатно напиениот Спајдермен“ кој губи веќе во првиот судир со негативците во разнобојни трикоа. На суперхеројот му даваат алкохол, поради што тој во целост губи контрола врз себе, пренесува tjournal.ru.

Спајдермен скока од мост врз покривот на ферибот и паѓа во Нева, скока врз автомобили, се обидува да запре „ограбувачи“, се качува на столбови и синџири на мостови и се бори против „витриолот“ во вагон во метро. На крајот на видеото суперхеројот им дава свои фотографии на новинарите.

 

Најверојатно, „Зелениот витриол“ го снимил видеото по повод излегувањето на филмот „Спајдермен: Враќање дома“, кој почна да се прикажува во руските кина на 6 јули.

„Зелениот витриол“ во повеќе наврати има организирано акции на улиците на Санкт Петербург. Во 2016 година пранкерот беше отпишан од факултет.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња