1. Колин Фарел и Петар Фјодоров

Reuters - Владимир Песња/RIA Novosti
Петар Фјодоров е популарен руски актер, кого често го нарекуваат „руски Колин Фарел“. Кога ќе го погледнете овој пар, на човек му станува јасно зошто: тој ги има истите истакнати веѓи, кратка брада и силна брадичка. Фјодоров им 35 година – само 6 години е помлад од својот западен двојник.
2. Џони Деп и Дима Билан

Reuters - instagram/dimabil
Популарниот руски пејач Дима Билан фановите често го споредуваат со холивудската ѕвезда – особено кога ќе си пушти тренди брада. Можеби сте ја виделе оваа популарна руска личност на „Евровизија“ – тој ја претставуваше Русија во 2006 и победи во 2008 година.
3. Ал Пачино и Венјамин Смехов
AP - Vladimir Myshkin/Global Look Press
Рускиот и советски актер и режисер Венјамин Смехов неверојатно личи на американскиот актер Ал Пачино. Смехов е најпопуларен меѓу Русите поради неговата улога на Атос во руската верзија на „Тројцата мускетари“ (1978).
4. Мет Дејмон и Гарик Харламов
Reuters - Ruslan Krivobok/RIA Novosti
Уште еден интересен пар се руската ѕвезда, стенд-ап комичарот, актер и ТВ-водител Гарик Харламов и американската филмска ѕвезда Мет Дејмон. Зар не ви личат на браќа? Харламов е 10 години помлад од Дејмон, но на прв поглед тоа не изгледа така.
5. Мерил Стрип и Лариса Удовиченко
Jack Mitchell/Wikipedia - Galina Kmit/RIA Novosti
Лариса Удовиченко, народен артист на Русија(1998) и ѕвезда во многу руски филмови, личи на друга исто така извонредна актерка - Американката Мерил Стрип. Иако нивните патишта до успехот се различни, и двете ја имаат истата способност да се фатат во костец со најтешките и понекогаш споредни улоги покрај нивниот етаблиран статус.
6. Грејс Кели и Јулија Висоцкаја
Getty Images - Kinopoisk.ru
Многумина во Русија ја забележуваат сличноста меѓу американската актерка Грејс Кели и руската актерка и ТВ-водителка Јулија Висоцкаја. Интересно е што и двете жени исто така си личат по начинот на кој браковите им влијаеја на животите. Кели стана дел од кралското семејство кога се омажи за принцот од Монако, додека Висоцкаја стана дел од руската елита откако се омажи за прочуениот руски филмски режисер Андреј Михалков-Кончаловски.
7. Тим Рот и Роман Абрамович
Reuters - Сергеј Гунеев/RIA Novosti
Британскиот актер Тим Рот и рускиот олигарх Роман Абрамович се талентирани во она што го прават. Во 2013 година Рот ја игра улогата на руски олигарх во филмот „Мебиус“, во кој изгледа исто како Абрамович. Покрај тоа, и двајцата го сакаат Лондон, каде Абрамович има куќа и каде е роден Рот.
8. Меколи Калкин и Владимир Путин
Kinopoisk.ru - ZUMA Press/Global Look Press
Еден од најистакнатите Руси – рускиот претседател, во своите млади години многу личи на Меколи Калкин, кој пак е најмногу познат со детската улога во семејната комедија „Сам дома“. Замислете си ако Путин учествуваше во тој филм.
9. Даниел Редклиф и Николај Послед
Kinopoisk.ru - instagram/anupliy
Фотографиите на едно обично момче од сибирскиот град Краснојарск почнаа да се појавуваат на интернет откако пред неколку години тој почна да носи очила. Многумина дури и шпекулираат дека тој се напил од волшебниот напиток, затоа што личи исто како ѕвездата од филмскиот серијал за Хари Потер! Николај работи во трговија и станува многу тешко за него, затоа што многу луѓе доаѓаат и го молат за селфи, додека девојките го преплавуваат со онлајн пораки.
10. Леонардо ди Каприо и Роман Бурцев
AP - Станислав Красилников/TASS
Медиумите го открија овој руски двојник на Леонардо Ди Каприо во 2016 година. Роман Бурцев живее во Подолск близу Москва и работи во центар за итни повици. Заедно со вниманието на медиумите, Бурцев доби и неколку понуди за учество во реклами: минатата година тој учествуваше во ТВ-реклама за вотка, глумеше сцени од „Титаник“ во трговски центри, одеше на канцелариски забави и се појави во телевизиско реалити шоу.
11 епски гафа во холивудските филмови поврзани со Русија