„Ана Каренина. Приказната на Вронски“.
Mirazh cinemaВо кината од 13 јули
Стремејќи се да стане дел од општеството во Москва, една манекенка од провинција запаѓа во неволја, откако ќе одлучи да ограби мала финансиска институција, а во меѓувреме да земе за заложник друга девојка со проблеми. Криминалистичка комедија од продуцентите на сензационалниот филм „Ученикот“ (Ученик) на Кирил Серебреников. Режисерот на „Блокбастер“ е релативно непознат и ветуваат големи достигнувања, а меѓу актерите се една од најголемите ѕвезда на руското кино и неколку етаблирани имиња.
Трејлерот ветува час и половина добар хумор, акција и заплет во стилот на Гај Ричи, што го прави „Блокбастер“ еден од најочекуваните руски филм ова лето.
Во кината од 9 јуни
Екранизацијата на една од најпознатите љубовни приказни некогаш напишани, се појави во кината на 9 јуни. Обично главната интрига во секоја адаптација на историјата на Толстој се врти околу тоа кој ја игра улогата на Каренина. Овој пат креаторите ја прекршуваат традицијата и наместо тоа се концентрираат на Вронски, продолжувајќи ја приказната од местото каде што ја остава Толстој. Гледачите, сепак, без сомнение, ќе се фокусираат на Елизавета Бојарскаја во улогата на Каренина и сигурно во оваа улога таа ќе добие еднаква доза восхит и критики (како и повеќето други актерки, кои ја играле улогата пред неа). Советската актерка Татјана Самојлова која играше во филмската адаптација на романот од 1967 година, продолжува да е цврст фаворит, така што на Бојарска сигурно нема да ѝ е лесно.
Во кината од 31 август
Испреплетувањето на биографии со делата на писателите на романи секогаш било популарен потфат во Русија. Животот на Николај Гогољ и мистичните суштества на имагинацијата создаваат уште поинтригантно филмско искуство. Всушност станува збор за серија од осум епизоди кои во кината ќе се емитуваат по две серии истовремено. Така во практика „Гогољ“ е поделен на четири филма - нешто што се прави за прв пат во руското кино.
Заплетот се врти околу интерпретацијата на еден амбициозен Гогољ, кој се среќава со детективот Јаков Гуро и заедно почнуваат да истражат мистериозни инциденти во предградието на Руската империја. Режисер на филмот е маестрото на продуцентската компанија „Среда“ Егор Баранов, познат по мрачниот филм „Скакалец“ (Саранча) и стилската серија „Фарца“ (и двете купени од Netflix). Улогата на Гогољ ја толкува еден од најталентираните современи руски актери - Александар Петров.
Трејлерот ветува едно готско, но далеку незастрашувачко искуство кое наликува на холивудскиот „Слипи Холоу“ (Sleepy Hollow).
Во кината од 13 јули
За овој летен хорор се знае малку. Режисерот Роман Каримов има зад себе неколку добри, иако релативно непознати филмот во различни жанрови - од криминална комедија до драма. Сега Каримов претставува вистински хорор за тројца пријатели, кои тргнале на мистериозно патување.
Трејлерот изгледа прилично застрашувачки.
Во кината од 22 јуни
Секој нов филм на режисерот Павел Чухрај речиси секогаш гарантира драма и експлозија од емоции. Чухрај е мајстор на човечката трагедија и претставува уште една драма, која се одвива во СССР по војната. Доколку борбата помеѓу личностите и очигледно вишите околности се ваше нешто, купете си билет: со сигурност очекувајте трагичен крај.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче