Самбук од модри сливи: Како да направите овошен мус на руски начин (РЕЦЕПТ)

Кујна
ВИКТОРИЈА ДРЕЈ
Популарен во царската ера и неправедно заборавен во доцното советско време, овој рецепт е скриен бисер за љубителите на здрави десерти. Да го вратиме од заборав!

Пред да пробам самбук, единствената асоцијација што ја имав со овој збор беше познатиот италијански ликер со вкус на анасон. Меѓутоа, во рускиот десерт самбук нема ниту една капка, ниту некаков анасон. Всушност, според некои извори, самбукот можеби има полски корени.

Најавтентичниот рецепт за самбук може да се најде во рускиот готвач од 1899 година на познатиот кулинарски ентузијаст Пелагеја Александрова-Игнатјева. Тоа е еден вид пена направена од изматени белки, овошно пире и желатин. Комбинацијата на овие состојки создава уникатна мека текстура и благо сладникав овошен вкус.

Според мене, самбукот во основа е лесна верзија на целувка или бељовска пастила – начинот на подготовка, па дури и вкусот се доста слични. Разликата е во тоа што самбукот е полесен за правење и не бара толку голема кулинарска вештина.

Друга добра работа за самбукот е тоа што, иако е сладок десерт, тој е навистина здрав и нискокалоричен: воопшто нема брашно и путер. На пример, некои рецепти за самбук препорачуваат да се измати густа павлака или творог (свежо сирење). Ова ја прави текстурата повеќе кремаста и да наликува на суфле. Но, тоа е опционално.

Традиционално, самбукот се прави од пире од јаболка, кајсии или сливи, но секаков вид на сезонско овошје и бобинки ќе одговара. Патем, дури и во верзијата со модри сливи претпочитам да додадам пире од јаболка. Клучно е да користите кисела сорта на јаболка бидејќи добро се вклопува со сладоста на модрите сливи. Исто така, јаболката содржат природен желе пектин, кој секогаш е од витално значење за секој десерт со конзистентност како мус.

Состојки за 3 порции:

Подготовка:

1. Сливите се сечат на половина, се отстрануваат семките и се ставаат во сад за печење.

2. Јаболката се лупат, се сечат на поголеми парчиња и се печат со модрите сливи на 180°C околу 15 минути или додека не омекнат.

3. Печеното овошје се остава да се олади една минута, нежно се отстранува кората од модрите сливи, па се пасира со блендер додека не стане мазно.

4. Сипете во тенџере, додајте шеќер и варете на средна температура 5-7 минути додека шеќерот не се раствори. Покријте со пластична фолија или ставете го овошното пире во сад па во фрижидер најмалку 2 часа - треба да се стегне и целосно да се излади.

5. Желатинот се прелива со 150 мл ладна вода и се остава да набабри.

6. Потоа растопете го така набабрениот - сунѓерест желатин. Ова го правам така што ја ставам шолјата желатин во поголема чинија, а потоа внимателно сипувам топла вода во садот; чекам минута и го мешам желатинот додека не се загрее и раствори.

7. Во поголема проѕирна чинија се ставаат белките заедно со ладното пире. Потоа, со рачен миксер или миксер за фрапе, матете на голема брзина околу 7 минути додека смесата не побелее, се зголеми волуменот и не стане проѕирна.

8. Продолжувајќи со матење, сипете го течниот желатин во тенок млаз во вашиот мус. Матете уште 3-5 минути - смесата уште повеќе ќе се зголеми.

9. Наполнете ги чашите или чиниите за сладолед со мусот, декорирајте со парчиња свежо нане и модра слива и оставете во фрижидер 2 часа.

Вашиот самбук е подготвен. Уживајте во него додека е ладен!