Заборавен руски десерт: Варенец со брусница

Ресторан „Ухват“
Овој десерт од млеко на царските приеми во XIX век се служел покрај торти и други префинети колачи.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

Пред двесте години варенецот бил деликатес за специјални гости. Се послужувал дури и на дворските приеми, иако за неговата подготовка биле потребни само печка и млечни производи.

Во 1822 година Марија Фјодоровна, вдовицата на рускиот цар Павел I,  приредила прием за офицерите во Павловскиот дворец (во предградието на Санкт Петербург). „Во салата беа поставени маси“,- запишал еден современик, – „со различни видови колачи, торти, варенец, печиво, портокали, бонбони и други слатки“.

Според речникот од 1834 година, варенецот е „на топлина згуснато млеко, а потоа закиселено со павлака“.

Во готвачот „Ручек за Лав“ на Софија Толстој, сопругата на Лав Толстој, се наоѓаат рецепти за обичен и скиселен варенец.

„Кога варенецот ќе се излади до топлина на свежо измолзено млеко“ – го опишува скиселениот варенец Софија Толстој – „треба да се земе, во зависност од количината, една до две лажици свежа павлака, да се стави во варенецот, да се промеша и да се остави неколку часа на топло место, а кога варенецот ќе се опушти, да се спушти во подрум и да се стави на мраз“.

Поради ниската температура на која се готви, варенецот добива крем боја и фина текстура. Ви го нудиме рецептот на готвачот на ресторанот „Ухват“ Виктор Белеј. Во неговата обработка дополнителна киселост на овој десерт даваат шлагот со пире од јаболка и брусница.

Состојки за 4 порции:

Варенец:

Кондензирано млеко - 2 л

Павлака - 300 г

Шеќер - 200 г

Шлаг со јаболка:

Јаболки - 1 кг

Слатка павлака 33% - 200 мл

Вода - 100 мл

Мед - 100 г

Обработена брусница:

Шеќер - 100 г

Замрзната брусница - 200 г

Црно вино - 200 мл 

Подготовка:

1. Во еден литар кондензирано млеко додајте ја павлаката, а во друг еден килограм шеќер. Ставете ги двата сада во печка или рерна да стојат 12 часа на температура од 100 до 120°C. После тоа, ставете го млекото во цедалки 3-4 часа за да излезе вишокот вода. И еднот и другото млеко соедиете ги во посебен сад и измешајте.

2. Пире од јаболка: Исчистете ги зелените јаболка, измешајте ги со вода и мед и печете во рерна 20-25 минути на температура од 160°C. Омекнатите јаболка потоа изгмечете ги со вилушка и оладете ги до собна температура.

3. Обработена брусница: Шеќерот стопете го во тавче, додајте го црното вино, мешајте додека шеќерот сосема не се раствори, додајте ја брусницата.

4. Изматете ја слатката павлака за да добиете шлаг и додајте го пирето од јаболка. За сервирање во ресторан, добиената маса се пропушта низ сифон во течен азот за да се добие форма на топка. Дома можете внимателно да го соедините шлагот со пирето од јаболко со голема дрвена лажица или шпатула, а потоа да го ставите во центарот на садот (2 супени лажици), наоколу да го наредете варенецот (2-3 супени лажици) и да го посипете со брусница по вкус.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња