- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Како дете, летата ги поминував во викендичка - дача и на тој начин научив многу за бобинките. Нашата градина беше полна со леи со рибизли, малини, јагоди, огрозд. Некои од овие бобинки „исчезнуваа“ речиси веднаш благодарение на мене и на сестра ми. Сé што ќе успееше да „преживее“ се користеше за правење џем и компот.
Се сеќавам дека често остануваа многу црвени рибизли. Иако имаа кисел вкус, беа полни со арома и сок. И бидејќи имаа толку многу витамини, мислевме дека ќе биде штета да пропаднат. Зошто да не ги искористиме овие бобинки и да направиме класичен традиционален пијалак, морс?
Јулија Мулино
Морс е типичен руски традиционален пијалак од бобинки, познат уште од XVI век, кога збирката правила и совети „Домострој“ беше руски водич и за домаќинството. Во него се споменува морс од малина, а според една верзија, потеклото на името морс доаѓа од германскиот збор moosbeere, што значи брусница. Други стручњаци, меѓутоа, веруваат дека името на пијалакот потекнува од рускиот збор морошка (моровица или мочуришна јагода), од која исто така се правел овој пијалак.
Морсот се разликува од обичниот цеден сок по тоа што се разблажува со вода и му се додава засладувач. А од компотот се разликува по тоа што се состои од свеж сок од бобинки. Овој пијалак може да се направи од свежи или замрзнати бобинки.
Јулија Мулино
Постојат два начини на подготовка на морс. Првиот не вклучува термичка обработка. Другиот метод, кој јас го претпочитам, користи претходно сварена пулпа, така што подоцна е потребен помалку шеќер, бидејќи со готвењето киселата пулпа и семките се претвораат во инвертен сируп.
Во текот на летото моето семејство прави морс од црвена рибизла, но секогаш додаваме и други вкусни бобинки, како јагоди или малини. Така, морсот не е само здрав, туку и многу вкусен. За правење морс може да послужат и брусници, цреши, вишни, боровинки или шумски јагоди.
Вреди да се напомене дека еднаш многу одамна на морсот се додавал мед како засладувач. Доколку се одлучите да додадете мед, тогаш ви советувам да ставите многу мала количина и да го користете оној што има поблаг и понеутрален вкус. Медот се додава на морсот кој е направен без термичка обработка.
Морсот од бобинки може да се служи како самостоен пијалак со додавање на коцки мраз и украсен со цели, свежи бобинки, но може да се меша и во коктели.
Состојки за 1,5 л морс:
Јулија Мулино
- Црвена рибизла - 200 г
- Малина - 200 г
- Шеќер - 50-100 г
- Вода - 1,5 л
Подготовка:
1. Исчистите ги рибизлите од гранчињата.
Јулија Мулино
2. Измијте ги.
Јулија Мулино
3. Процедете ги низ сито.
Јулија Мулино
4. Измиените и исцедени малини пасирајте ги низ сито.
Јулија Мулино
5. Ќе добиете процеден сок од свежите бобинки, што подоцна ќе ви се најде.
Јулија Мулино
6. Во тенџере се ставаат пресуваните семки и кората од пасираните бобинки, па се додава шеќер по вкус. Се прелива со врела вода и се динста на тивок оган пет минути.
Јулија Мулино
7. Садот се покрива со капак и се остава да се лади.
Јулија Мулино
8. И ете! Добивте компот.
Јулија Мулино
9. Потоа компотот процедете го низ сито. Во компотот додајте го свежиот сок од бобинки и сé добро измешајте.
Јулија Мулино
10. Во текот на врелите летни денови послужете го добро разладениот напиток со коцки мраз, украсен со крупни, свежи бобинки. Уживајте!
Јулија Мулино