/ Legion Media
Квасот е сосема прифатлива алтернатива на пивото. Словените пиеле квас од 'рж и од јачмен, и тоа во секој дел од денот, за време на работата, па дури и во текот на постот. Квасот бил еден од главните специјалитети на руската кујна на секоја трпеза – од селска до царева.
Словените често го пиеле со млад кромид и црн леб за вечера, а квасот од овошје или од јаткасти плодови им бил како десерт. Постои дури и посебен вид квас – кисел шчи. Тоа не е чорба, ами газиран пијалак од 'ржен слад.
Не е многу тешко да се направи домашен квас. Само потопете препечени коцкички црн леб во зовриена вода и оставете ги 4 часа, а потоа додадете шеќер, квасец и листови нане. На крајот квасот треба да се скисели.
/ Legion Media
Овој пијалак од бобинки веќе бил популарен во времето кога во средновековна Русија е напишан „Домострој“ (упатство за водење на домаќинството од 16 век). Морсот се правел од кљуква, боровинки, малини или рибизли, или од вишни.
Ако сакате да направите морс, процедете сок од свежи бобинки низ сито, а потоа сварете ги останатите делови од овошјето со шеќер. Сварената смеса додајте ја во морсот. Без конзерванс може да стои и една недела на ладно место.
/ Legion Media
Ваков сок пиел најпознатиот јунак на Пушкин Евгениј Онегин кога одел на гости кај Татјана. Сокот од брусница се прави полесно од морсот.
Изберете убави плодови брусница и тргнете ги листовите и петелките. Прелијте ги со вода и оставете ги 7-10 дена на ладно место. Потоа процедете ја водата, додајте малку шеќер или мед, и наполнете ги шишињата. Брусницата што ви останала можете да ја искористите за да направите морс.
/ Legion Media
Традиционалниот руски кисељ се правел од овес и налето се служел ладен како главно јадење. Овесниот кисељ се правел со овесно брашно и се готвел на руска печка. Денешната варијанта се појавила во 19 век и станала популарна во аристократските кругови. Во советско време се правел сув кисељ кој лесно се растворал во топла вода, а потоа се загревал. Децата сакале кисељ и често не чекале да се раствори и да се подгрее, ами го џвакале и уживале во вкусот на овошјето.
Вие можете да направите домашен кисељ од кои било бобинки или овошје. Само додајте лажичка нишесте и шеќер додека го варите.
/ Legion Media
Русите пиеле компот само на празник, а не секој ден како морсот. Го вареле од сушени јаболка, круши или сливи. Компотот во добро затворен сад можел да седи и со месеци, така што тоа бил и начин за конзервирање на останатите плодови.
Почестете се со компот – земете сушено овошје, прелијте го со вода, додајте шеќер и оставете смесата да зоврие, а потоа варете 20 минути и изладете го.
/ Vostock-Photo
Древните Словени пиеле сита додека не се појавил чајот. Ја ладеле пред консумирање, а тоа ѝ давало специфичен вкус.
Обично ситата се правела од мед, кој најпрво се растворал во топла вода, а потоа се цедел и се ладел. Се додавале различни зачини како каранфилче и цимет.
/ Vostock-Photo
Во средновековна Русија млекото се користело во сите облици. Дури и скиселеното млеко имало примена во руската кујна. Русите го додавале во палачинките и го користеле за правење сирење, или го вареле и од него правеле простокваша.
Простоквашата се прави лесно. Оставете сад со домашно кравје млеко да преноќи на топло место, а наутро ќе добиете простокваша.
Во современи услови можете да додадете лажичка кисело млеко во обично млеко и да го оставите да преноќи на топло место, но се смета дека тоа не е автентична простокваша, така што таа може нема да им се допадне на љубителите на историската веродостојност.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче