- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Во Русија, уште пред XVIII век, постоел популарен пијалак наречен взвар направен од сушено овошје, бобинки и билки (зборот взвар доаѓа од зборот да се вари, свари). Взварот обично се правел на Бадник, а понекогаш му се додавал и гриз за пијалакот да биде похранлив. Подоцна взварот му отстапил место на компотот, кој се готви побрзо и полесно.
Модерната варијанта на компотот е донесена во Русија во XVIII век од француски готвачи. Првично тоа било повеќе десерт отколку пијалак. Компотот се служел со пијалаци и сладолед, но не можел долго да стои, па Русите, со својата љубов кон зачувување на храната во тегли, почнале да додаваат повеќе шеќер и вода.
Модерната руска кујна има неколку верзии на компот. Во зима попопуларна е верзијата од суво овошје, која поради сувите сливи има темна боја. Меѓутоа, може да се направи и со сушени јаболка, кајсии, смокви, суво грозје. Се сеќавам на овој компот што го добивавме со ручек во градинка, училиште, во студентската менза.
Во текот на летната сезона, најпопуларните видови компот се прават од мали јаболка, сливи, цреши и круши. Честопати овие растенија раѓаат обилно, но свежото овошје има и киселест вкус. Меѓутоа, кога во овие компоти ќе додадете шеќер, тие ја добиваат својата вистинска полнотија на вкусот.
Јулија Мулино
Меѓу најпопуларните бобинки за летен компот се црвените и црните рибизли, јагодите, огроздот, црешите и малините. Сè уште тврдам дека домашниот компот од бобинки е врвниот вкус на летото.
Како дете берев зрели бобинки од грмушките во градината, а потоа баба ми или мајка ми правеа сладок десерт. Една одлична карактеристика на компотот е тоа што можете да го сварите во вода со шеќер кое било од вашите омилени овошја или бобинки и секој пат ќе добиете различен вкус.
Главното нешто што треба да го запомните е дека на некои состојки им треба подолго време да се сварат, како што се јаболкото и рабарбарата, кои ги користам во мојот рецепт. Бобинките, наспроти тоа, треба да се варат само неколку минути. Минималното време за готвење помага да се зачуваат витамините и хранливите материи, додека бобинките го ослободуваат целиот свој вкус и арома во напитокот.
Јулија Мулино
Исто така, претпочитам да користам помалку шеќер во мојот компот, поради што најтврдите состојки (корите на јаболкото и рабарбарата) ги варам со шеќер 20 минути, што резултира со инвертен шеќерен сируп. Потоа во овој сируп ставам бобинки, поради што не претерувам со шеќерот.
Резултатот е освежителен напиток со силен вкус и со многу витамини. Компотот може да се послужи и како десерт бидејќи бобинките и овошјето го задржуваат исклучителниот вкус.
Состојки:
Јулија Мулино
- Вода - 3 л
- Јаболка (средни) - 2 пар.
- Јагоди - 150 г
- Цреши - 100 г
- Рибизли - 100 г
- Малини - 100 г
- Огрозд - 50 г
- Шеќер - 150 г
- Рабарбара - 2 стебленца
Подготовка:
1. Јаболката се мијат и лупат и им се вади јадрото. Лушпите и јадрото ќе ни требаат за сирупот. Лушпите и јадрото на јаболката се ставаат во тенџере.
Јулија Мулино
2. Рабарбарата се сече на големи парчиња и се става во тенџерето.
Јулија Мулино
3. Се додава шеќерот.
Јулија Мулино
4. Се прелеваат со врела вода.
Јулија Мулино
5. Се остава да врие околу 20 минути. Би требало да се добие богат, сладок сируп.
Јулија Мулино
6. Додека сирупот врие, се подготвуваат овошјето и бобинките. Јаболката се сечат на кришки.
Јулија Мулино
7. Јагодите се мијат и луштат.
Јулија Мулино
8. Ми останаа замрзнати малини од минатата година; новите што растат во градината сè уште не се зрели. Ги додавам во бобинките.
Јулија Мулино
9. Остатокот бобинки се подготвува.
Јулија Мулино
10. Течноста се цеди низ сито.
Јулија Мулино
11. Се додаваат јаболката и огроздот, па се динстаат во сирупот 3 минути.
Јулија Мулино
12. Се исклучува ринглата и се сипува остатокот бобинки во топлиот напиток.
Јулија Мулино
13. Се покрива со капак и се остава додека не се олади. Кога ќе се крене капакот, ќе ве заплиснат неодоливиот мирис и вкус на летни бобинки.
Јулија Мулино
14. Компотот се сипува во бокал и се става во фрижидер да се олади или пак едноставно пробајте го веднаш.
Јулија Мулино
Уживајте во компотот во текот на убав летен ден на отворено или дома.
Јулија Мулино
Не заборавајте дека овошјето е вкусно!
Јулија Мулино