- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Кулага е стара руска слатка која традиционално се подготвувала на Денот на Иван Купала (првично летен празник со паганско потекло меѓу источните и западните Словени што паѓа на летната долгоденица).
Кулага се базира на процес на ферментација. Оригиналната кулага се прави од 'ржан слад, 'ржано брашно и бобинки од калина без додавање мед или шеќер. Слаткиот вкус на кулагата доаѓа исклучиво од бобинките и сладот.
Кулагата најчесто се подготвувала за црковните празници. Бидејќи руските селани немале многу деликатеси на располагање, кулагата во разладена форма се сметала за слатка.
Руската кулага е јадење кое помага во лекувањето и зачувувањето на здравјето. Богата е со витамините Б2, Б6, Б12 и Б15, како и со витамините Ц и П. Кулагата се препорачува за превенција на болести на органите за варење, кардиоваскуларни проблеми, како и болести на нервниот систем и респираторни инфекции.
Иако нема шеќер, кулагата има пријатен и благ слатко-киселкав вкус. Основната разлика помеѓу различните видови кулага лежи во употребата на различни видови брашно: 'рж, овес, хелда или пченица. На некои места ѝ додаваат и маст или масло.
Кулагата, и покрај благотворното влијание врз здравјето, кон крајот на XIX век ја изгубила својата популарност. Постепено таа почнала да се поврзува со сиромаштијата. Во исто време на пазарите се продавала како најевтина слатка.
Кулагата повеќе не може да се купи во продавница. Сé што ни останало се само старите рецепти на нашите баби. За да подготвите кулага по стар рецепт ви е потребна руска печка, додека во модерната верзија се користи рерна или мини-пекара.
Состојки (за 4 порции):
Слад во прав - 1 лажица
‘Ржано брашно – 2 лажици
Вода – до 1 шолја
Бобинки калина – по вкус (свежи или замрзнати)
Начин на подготовка:
1. Најпрвин прелијте го сладот во прав со врела вода. Оставете го да отстои час и половина на топло место (до шпоретот додека готвите, во рерна топла по печење или во мини-пекара вклучена на програмата за подготовка на јогурт).
2. Подгответе ги бобинките калина. Отстранете ги стеблата и измијте ги. Исто така, ви препорачувам да ги испасирате бобинките.
3. Потоа додајте го ‘ржаното брашно. Добро промешајте додека не добиете мазна маса без грутки.
4. Сега треба да ја оставите масата на топло додека да се згусти. Ако немате руска печка, одберете некое друго топло место. Препорачаната температура е 30-40° C, а подготовката треба да трае неколку часа. Можете да ја оставите и преку ноќ на топло место. Ако сакате да го забрзате процесот, кулагата можете да ја варите на ниска температура.
Вашиот староруски селски десерт е подготвен. Уживајте во него со шолја чај!