Калушко тесто: Пробајте стар здрав руски десерт (РЕЦЕПТ)

Јулија Мулино
Десерт без масло, масти и шеќер. Калушкото тесто ќе стане вашиот омилен десерт по ручекот.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

Калушкото тесто често се споменува во историски документи, лична кореспонденција, книжевни дела, а се појавува дури и на слики од XIX век. Долго време се сметаше дека рецептот за него е изгубен. Се смета дека овој десерт е постар дури и од познатото Тулско медено колаче. Секој што ја посетил Калуга (160 км јужно од Москва) во старо време сакал да го проба овој десерт. Познато е дека на почетокот на 20 век калушкото тесто го правеле семејствата Белјаев и Постников. Се раскажува дека чуварите на оваа кулинарска традиција намерно го криеле рецептот.

За каков десерт всушност станува збор? Тоа е мека маса од трошки од 'ржан леб измешана со мед и зачини. Масата малку се загрева, но не се пече. Затоа овој десерт се нарекува тесто. Се чувал во тегли и се служел со чај како десерт. Исто така бил и чест подарок.

Кога шеќерот станал подостапен, колачите од 'рж се мешале со шеќерен сируп. На почетокот на XX век се појавија варијации на тестото со додавање на кора од портокал, бадеми, ф'стаци и какао. Најчесто користени зачини биле ѕвездест анасон, цимет, кардамон и каранфилче.

Подготовката на овој десерт изгледа едноставно. Но, треба да се земат предвид некои специфики. За калушкото тесто се користат презли од ‘ржан леб. Јас користев два вида ‘ржан леб: Бородински (со вкус на коријандер) и обичен холандски ‘ржан леб. Лебот треба да се исече на мали парчиња, добро да се исуши, а потоа да се сомеле или да строши.  Лебните трошки треба да се просејат пред употреба. Крупните делови треба дополнително да се иститнат. Од зачини користев мускатно оревче, цимет и паста од ванила.

Состојки:

Презли од ‘ржан леб – 180 г

Мед - 200 г

Вода - 200 мл

Ѕвездест анасон - 5 пар.

Цимет – 1 лажиче

Ванилина паста – 1 лажиче

Подготовка:

Строшете го исушениот ‘ржан леб. Трошките просејте ги низ сито додека не добиете ситни презли.

Во помало тенџере сипете вода, додадете ѕвездест анасон и цимет. Кога ќе зоврие, варете десетина минути. Извадете го ѕвездестиот анасон од водата и истурете ги во неа презлите. Добро промешајте.

Додајте мед и ванила паста. Ставете го тенџерето на рингла на ниска температура и мешајте ја масата непрекинато на начин да не се залепи за дното.

Тестото ќе стане густо и малку ќе се испече.

Оладете го тестото и со влажни дланки обликувајте топчиња. Или спакувајте го во тегла.

Тестото може да го извалкате во мелени ореви или бадеми, шеќер во прав или какао.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња