Што се случило со најзначајните православни храмови по Револуцијата во Русија?

Андреј Соломонов/Sputnik
Штом дошле на власт, болшевиците започнале интензивна борба против религијата. Неколку илјади цркви биле уништени, а оние што успеале да опстанат добиле сосема поинаква намена, од складишта за житарки, до санаториуми.

Храмот на Христос Спасителот во Москва

1903.

Најверојатно најпознатата црква којашто доживеала страшна судбина. Сталин ја кренал во воздух во 1931 година, а на нејзино место е изграден базенот „Москва“А.

Кон крајот на деведесеттите години од минатиот век подигнат е нов храм според оригиналниот план. Денес ова е главен соборен храм на Руската православна црква.

Што останало по рушењето на првиот храм? Прочитајте тука.

Храмот на Василиј Блажени во Москва

Се зборуваше дека советските функционери сакале да го урнат и Храмот на Василиј Блажени, еден од главните симболи на Москва. Наводно во рамките на реконструкцијата на Црвениот плоштад било предвидено тука да минува автопат, на чија траса бил храмот.

Меѓутоа, архитекти, реставратори и угледни културни работници застанале во одбрана на храмот (легендата вели дека Сталин лично не го дозволил неговото уривање). Црквата веднаш станала историско0архитектонски музеј и до денес официјално влегува во состав на Државниот историски музеј.

Погледнете ги фотографиите на Храмот на Василиј Блажени пред сто години и денес.

Казањски собор во Санкт Петербург

По Револуцијата црквата била предадена на „обновителите“, свештеници лојални на советската власт и богослужбите продолжиле.

Сепак, црквата наскоро била затворена, а во 1932 година во неа е отворен Музеј на историјата на религијата и атеизмот. На почетокот на Втората светска војна тука се приредувале патриотски изложби посветени на големите војсководци низ историјата.

Меѓутoа, зградата се нашла на удар на огнот, па храм-музејот дефинитивно е затворен. Реставрацијата траела со децении, а во деведесеттите години од минатиот век, иако музејот останал во храмот, вратени се службите. Во двеилјадитите е предаден на користење на црквата, а денес ова е соборна црква во Санкт Петербург.

Исакиевскиот собор во Санкт Петербург

Болшевиците од црквата однеле сѐ што било вредно и ја дале зградата на управување на парохијците коишто воедно биле должни да плаќаат комуналии. Советските власти долго не знаеше што да прават со ова ремек-дело на архитектурата на Огист Монферан, но на крајот во 1931 година отвориле Државен антирелигиски музеј. Освен тоа поставено е и Фуково клатно.

За време на Втората светска војна се верувало дека нацистите не го бомбардираат храмот зашто го користат како ориентир за гаѓање на градот и за авијација. Поради тоа тука се чувале вредни експонати од други музеи.

Храм на Спасот на Крв на Санкт Петергубрг

Непосредно по Револуцијата, црквата имала парохија и се вршеле служби. Во 1930 година храмот е затворен, а на одлуката што да се прави со него се чекало долго.

Ремек-делото на неорускиот стил од уривање го спасило, колку и да звучи парадоксално, војната. Ленинградските власти едноставно немале време за црквата. Во годините на блокадата во црквата се наоѓала мртовечница во која се носеле телата на жителите коишто починале од глад.

По војната ова бил магацин за сценографијата на Малиот оперски театар. Дури во седумдесеттите години од минатиот век за црквата почнале да се грижат постарите музејски стручњаци, а работите траеле сѐ до 1997 година, кога е отворена за посетителите.

Подетално за Храмот на Спасот на Крвта прочитајте тука.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња