- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
На самиот почеток на 1904 година започна Руско-јапонската војна, која заврши исклучително крваво за Русија. На фотографијата подолу го пречекуваат царот Николај II со леб и сол на железничката станица во уралскиот град Златоуст, каде што пристигна да ги испрати полковите на фронтот и да ги прегледа фабриките.
По свечениот дочек, царот отиде на парадата во негова чест.
Николај II потоа разговараше со селските старешини за време на неговото пристигнување на локацијата на трупите испратени на Далечниот Исток.
Руско-јапонската војна е една од првите војни од која се направени многу фотографии на линијата на фронтот. На следната фотографија е прикажан воен оркестар кој вежба на теренот.
Во меѓувреме, целата земја го поддржуваше фронтот. Во палатата на великиот кнез Владимир Александрович во Санкт Петербург беше организирана работилница за шиење облека за војската.
Многу девојки се обучуваа за милосрдни сестри и отидоа на фронтот да ги лекуваат војниците и да ги негуваат ранетите.
Лав Толстој остро ја осуди војната. Во 1904 година тој напиша антивоена статија со наслов: „Опаметете се!“, во која толку остро ги критикуваше постапките на власта и на царот што му беше забрането објавување. „Повторно војна. Повторно страдање, никому непотребни, целосно непожелни“, напиша тој.
Во 1904 година во семејството на царот се случи долгоочекуваниот настан - по четири девојчиња, царицата конечно роди машко, идниот престолонаследник. Подолу е една од првите фотографии на принцот Алексеј со неговото семејство.
И покрај војната, општествениот и боемскиот живот сè уште беше многу активен во престолнината. Сликата подолу го прикажува познатиот пејач Фјодор Шалјапин (стои до пијанистот) во посета на критичарот Владимир Стасов (седи во центарот со бела брада) во Москва.
Театарскиот живот во Санкт Петербург, исто така, не запре. На следната фотографија е прикажана сцена од „Нора“, претстава базирана на драмата „Куќичка за кукли“ од Хенрик Ибзен. Главната улога ја толкува познатата актерка Вера Комисаржевскаја (на сликата подолу).
Прекрасна дама, познатата писателка и поетеса Зинаида Гипиус, позира за фотостудиото на Ото Ренард, претставувајќи ја модата од 1900-тите.
Во јули 1904 година, министерот за внатрешни работи Вјачеслав Плеве загина од бомба што ја фрли во неговата кочија револуционерен терорист. Подолу е прикажан свечениот погреб на овој функционер.
Петар Свјатополк-Мирски стана нов министер за внатрешни работи. На фотографијата подолу е прикажан тој во неговата канцеларија. Ќе биде разрешен од функцијата по избувнувањето на немирите и револуцијата во 1905 година до кои доведоа и Руско-јапонската војна и политиката на самиот Свјатополк-Мирски.
Денес е тешко да се замисли дека во близина на храмот „Св. Василиј Блажени“ во Москва порано се возеле коњски запреги и дека таму често се организирал спонтан пазар.
Сликата подолу прикажува како изгледал обичен московски фијакер.
На почетокот на ХХ век американската компанија „Сингер“ започна со работа во Русија и набрзо дури и произведуваше свои машини за шиење во оваа земја, за да не мора да ги увезува од странство. На фотографијата подолу е прикажана работилницата за шиење „Сингер“ во Санкт Петербург.
И покрај војната, продолжи активната изградба на Транссибирската железница, главната пруга ширум земјата. Многу мостови беа изградени на реки - на пример, мостот на реката Миас во Чељабинск дури се појави на разгледница како обележје.
На оваа серија разгледници од уралскиот град Чељабинск е прикажан градскиот превоз...
А на оваа - башкирска јурта, традиционалниот шатор-дом на номадите од подножјето на Урал.
А подолу се неколку фотографии од мирниот, обичен живот. Чајанка на отворено со самовар (руски чајник).
Подолу, благородничко семејство позира на тремот на својата селска куќа.
Деца позираат во московски двор.
Група кадети фотографирани во Новоерусалимскиот манастир во Московската област.
И, на крај, група пожарникари на обука во Санкт Петербург.