Девојка во познатата руска павлопосадска марама за време на божиќните празници.
Богојавленско капење во студена вода под дебел слој мраз.
Риболов низ отвор направен во мразот. Амурски залив.
Млади Чеченки во народна носија.
Учесничка во зомби-фестивал во Новосибирск.
Во 2012 година во Владивосток беше отворен „Рускиот мост“, најдолгиот висечки мост на светот.
Прослава на Денот на граничарот на 28 мај.
Во Москва се одржа изложба на слики во стилот поп-арт под наслов „Нашиот претседател - човек со добро срце“. На фотографијата е сликарот Алексеј Сергиенко со неговите дела.
Фудбалски навивач во фан-зоната на Euro 2012 во Москва навива за руската репрезентација која игра против Чешка во Полска.
Учесничка во фестивалот „Дама на велосипед“ во Москва.
Фестивалот „Кругот на светлината“ на Манежниот плоштад во Москва.
Во 2012 година во Санкт Петербург беше отворен нов музеј „Гранд Макет Русија“. Тоа е најголемата макета на Русија што постои. Се простира на површина од 800 квадратни метри. Прикажани се најважните знаменитости, железнички пруги и детали од обичниот живот.
На годишниот фестивал на руска рок-музика „Инвазија“ (рус. „Нашествие“) во Тверската област.
Уметник слика послужавници во Жостовската фабрика за украсно сликарство.
2012 година во Русија беше прогласена за „Година на Германија“. На фотографијата Московјаните склопуваат огромни сложувалки со автопортретот на сликарот Албрехт Дирер.
Во 2012 година се навршија 200 години од победата на Русија во војната против Наполеонова Франција. Јубилејот беше одбележан со масовна реконструкција на Бородинската битка во близина на Москва.
Учесници во традиционалната трка на кучешки запреги во Самара.
Најголемото лизгалиште во Русија беше отворено во московскиот изложбен комплекс ВДНХ.
На прославата на 1150-годишнина од основањето на руската држава.
Зимница на руски начин. Домаќинки продаваат конзервиран зеленчук и печурки.
Дванаесетти декември 2012 година беше ден кога во Русија се одржаа многу венчавки бидејќи е во прашање необичен датум (12.12.12)
Оркестар со Дедо Мразовци во текот на зимските свечености.
Последната новогодишна честитка на Дмитриј Медведев во својство на претседател на Руската Федерација (2008-2012).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче