Во 1903 година беше одбележана 290-годишнината од династијата Романови. Целото царство славеше и, се разбира, тогашната престолнина Санкт Петербург одржуваше големи свечености и беше богато украсена. Прославувајќи го тој датум, царот Николај II организираше голем бал со костими на кој сите членови на семејството на царот беа облечени во историска облека од XVII век. На сликата подолу се прикажани само некои од гостите.
Еве како изгледаа тој и неговата сопруга царицата Александра.
Во исто време, Санкт Петербург прослави 200 години од основањето на градот.
Војниците на гарнизонот на Санкт Петербург маршираат на парадата по повод одбележувањето на годишнината на градот.
И царот присуствуваше на прославата. На сликата подолу е прикажан во текот на свеченото отворање на Троицкиот мост.
Фотографите направија огромна визуелна хроника како градот изгледаше на својата 200-годишнина. Еве, на пример, жива претстава на сообраќајот во пристаништето на Санкт Петербург.
А подолу се велосипедисти кои возат преку плоштадот на Зимскиот дворец.
За жал, ноември 1903 го обележа голема поплава во Санкт Петербург.
75 роденден на Лав Толстој исто така беше на големо прославен во 1903 година. Имотот на познатиот руски писател Јасна Полјана стана популарно место и десетици фотографи се упатија таму да го сликаат Толстој и неговото семејство.
И макар што Толстој не го сакаше многу ова внимание, тој го почитуваше технолошкиот напредок и со задоволство позираше за фотографии. Дури и на коњ (импресивно за неговите 75 години, нели?).
Во 1903 година Николај II го започна славењето на монахот Серафим Саровски како светец. Моштите на светецот беа положени во нов ковчег и пренесени во Успенскиот собор на Саровскиот манастир.
На настанот присуствуваа царот Николај II, неговата сопруга и многу други членови на царското семејство.
Саровските прослави собраа вкупно повеќе од 100 илјади луѓе, вклучувајќи страдалници и инвалиди.
На архивските фотографии од 1903 гледаме земја која повеќе не постои. Ваква беше префинетата женска мода. На фотографијата подолу е познатата пејачка на своето време Анастасија Вјаљцева.
Брзиот развој и ширењето на фотографијата ѝ дадоа импулс на нејзината употреба за некои нови цели. Новиот популарен жанр што се појави е фотографското огласување. Подолу, човек се обидува да го продаде својот коњ.
Следната фотографија прикажува група монаси на манастирот „Св. Архангел Михаул“ на реката Сура (денес Република Мариј Ел). Во советско време манастирот беше затворен и уништен.
А еве како изгледаше спалната на Првиот женски колеџ (Курсевите на Бестужев).
Селски пазар во Костромската област насликан од познатиот руски уметник Борис Кустодиев.
Една сцена од сообраќајот во Владимирската област која денес е незамислива.
Германска лутеранска црква во градот Бердјанск (тогаш дел од Руското царство) беше затворена во советско време.
Сега да преминеме на Урал, индустрискиот јазол на Русија. На сликата подолу е машина за бушење во рудник.
А еве ја браната на металуршката фабрика на Урал.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче