- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Современиот човек не може да ја согледа сета трагедија што ја преживеаја жителите на Ленинград во текот на 900 дена од опсадата. Во градот беше прекинато снабдувањето со храна, имаше проблеми со струјата, водата и греењето. Жителите беа принудени да се борат за преживување - палеа книги и мебел за да се загреат, топеа мраз од замрзнатата Нева за хигиенски цели и ја користеа таа вода за да сварат чорба од лепак за тапети... Над еден милион луѓе ги загубија животите од септември 1941 до 27 јануари 1944 година, кога обрачот околу Ленинград беше пробиен.
Борис Кудојаров беше воен дописник за весникот „Комсомолскаја правда“. Во опколениот Ленинград тој направи над 3000 фотографии, снимајќи го и животот на обичните луѓе, и на војниците-бранители во првиот ешалон. Благодарение на неговите емотивни кадри денешниот гледач може да добие барем приближна претстава за една од најстрашните епизоди на Втората светска војна.
Погледнете ги овие уникатни фотографии од мајсторот на воената репортажа.
Зелка наместо рози, 1942.
Невскиот проспект за време на блокадата, 1943.
Бранители на Ленинград, 1941-1944.
Град Пушкин. Александровскиот дворец, 1944. (По окупацијата на ова ленинградско предградие нацистите оставија цели гробишта во дворот на поранешниот царски дворец).
Ладога. Жито за Ленинград, 1942.
ПВО. Позиција бр.1 – Исакиевскиот храм, 1941.
Ленинград под опсада. Евакуација на ранетите по артилериски напад, 1943.
Улица во опколениот град, 1942 (на плакатот пишува „Непријателот е пред портите на Ленинград“, „Да ги обединиме силите во одбрана на родниот град!“ и слично)
Жители на градот и војници го читаат текстот на наредбата до единиците на Ленинградскиот фронт за укинувањето на блокадата на Ленинград, 1944.
Бранителите на Ленинград, 1941-1944.
Ленинградската улица за време на опсадата, 1941-1943.
Невскиот проспект за време на опсадата, 1941.
Девојки, припаднички на единиците за ПВО, 1941-1944.
Невскиот проспект за време на опсадата, 1941. (натпис на оградата „Внимание! Опасност! Бомбата не е експлодирана“)
Артилериско гранатирање на Невскиот проспект, 1942.
Евакуација, 1941.
Камерман на улицата на опколениот град, 1941.
Изведувањето на Седмата ленинградска симфонија на Дмитриј Шостакович во Големата сала на Ленинградската филхармонија, 1941.
Улица во градот под опсада, 1941.
Позиција на ПВО на покривот на Библиотекарскиот институт, 1941-1944.
Ленинградска улица, 1942.
Група морнари на Дворцовиот кеј, 1942.
Наставата и понатаму се одржува, 1942.
Невскиот проспект за време на опсадата, 1941-1944.
Улица во градот под опсада, 1942 (на плакатот пишува „Воину на Црвената армија, спаси нé“)
Битки за целосно ослободување на Ленинград од опсадата. Првата линија на германската одбрана, 1944.
Борбени дејствија во Пулково, 1944.
Градот под опсада. Во редица за утринскиот весник, 1942-1943.
Фасадата на разрушениот дворец во Петерхоф, 1943.
Фотографиите на Борис Кудојаров и други фотографи можете да ги видите на изложбата „Лицето на Блокадата“ која ќе биде отворена во санктпетербуршкиот музејско-изложбен центар РОСФОТО од 25 јануари 2024 година.