На колеџот „Дарвин“ на Универзитетот во Кембриџ е организирана изложбата „Уметноста и опстанокот во Опсадата на Ленинград“. Изложбата беше отворена на 20 јануари и ќе трае до 19 март. Елена Мартила била девојка во времето кога нацистите речиси 900 дена го држеле Ленинград под опсада. Она што го преживеала тогаш го преточила во цртежи. // „Сама Тања“.
Елена МартилаГрадот под опсада го држеле нацистичките трупи, луѓето во градот гладувале, немало струја, а врските со другите краишта на СССР биле прекинати. Елена Мартила е родена 1923 година. Имала 18 години кога започнала Опсадата. Во нејзините дела е забележана сета длабочина на страдањето во Ленинград. // „Живот во блокада“
Елена МартилаМеѓу изложените творби е и портретот на Ољга Бергољц, позната поетеса, која во своите стихови ја опишува Опсадата на Ленинград. Таа заедно со Ана Ахматова во студија на радио читала поезија, која преку звучници била емитувана во целиот град. Уметноста и поезијата ги мотивирале и ги инспирирале луѓето да преживеат и да сфатат дека не се сами. // „Тука е Ленинград: Ољга Бергољц“.
Елена МартилаНа посетителите исто така ќе им биде претставен и портретот на советскиот композитор Дмитриј Шостакович – цртежот е направен во 1944 година за време на изведбата на неговата “Ленинградска симфонија“ // „Шостакович“.
Елена МартилаЗа време на Опсадата Мартила работела како болничарка во детската болница и помагала во евакуација на најмладите. Сè што ќе видела бележела на секое парче хартија што ќе го нашла. Денес тоа се документи со исклучителна важност, зашто зборуваат за страшните моменти од овој период. Елена Мартила со мајка си била евакуирана преку замрзнатото езеро Ладога во 1942 година. // Цртеж: „Преминувањето на Ладога“.
Елена МартилаЗимата 1942 година била исклучително студена. Се верува дека само во јануари и во февруари таа година во Ленинград умреле 200.000 луѓе од студ и глад. // „Кристална колепка“.
Елена МартилаИзложбата ја приредија Ксенија Афонина, самостоен кустос и истражувач на уметноста настаната за време на Втората светска војна, и Либи Хоуви, самостоен кустос и специјалист за графика. Проектот е реализиран со поддршка на аукциската куќа „Сотби“ и во соработка со Сојузот на говорници на руски јазик во Кембриџ. // „Ленинградска ликовна академија“.
Елена Мартила„Видувањето на Елена на Опсадата на Ленинград се разликува од херојскиот наратив што го промовирале советските власти, така што по војната ѝ било наложено да ги уништи своите делаа“, вели Ксенија Афонина. „Сепак, Елена решила да ги зачува како сведоштво за идните генерации. Своите цртежи ги трансформирала во вистински слики, користејќи литографија и гравирање на картон. Со овие техники таа ги оживеала сеќавањата на измачените жители на Ленинград во тешките денови на оскудност и глад. Делата на Мартила ни овозможуваат да ја доживееме Опсадата на Ленинград на ист начин како што ја доживувале од тоа време“. // „Ленинграѓанка“
Елена МартилаМартила заедно со Светлана Магаева ја објави книгата „Мачениците на Опсадата на Ленинград“ чии јунаци беа обични луѓе кои успеале да го преживеат гладот и другите ужаси на војната. // „Ленинградска Мадона“, 1942.
Елена МартилаОвој месец Елена Мартила ќе наполни 94 години и таа е еден од последните живи сведоци на Опсадата. „Сè дури можам да го држам моливот, ќе продолжам да сведочам за страдањата на моите драги ленинграѓани“, вели Мартила. „Сакам оваа изложба да биде сфатена како протест против војната и како повик за зачувување на нашата човечност“. Елена Мартила, автопортрет, 1942. / Изложбата „Уметноста и опстанокот за време на Опсадата на Ленинград“ се одржува од 20 јануари до 19 март 2017 година. За повеќе информации посетете го сајтот: www.artandendurance.org
Елена МартилаПретплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче