Кои автомобили ги имаше Брежнев?

Историја
ГЕОРГИЈ МАНАЕВ
За 18 години раководење со земјата, Леонид Брежнев ја собра најголемата приватна колекција на автомобили во СССР. Да ги погледнеме најдобрите примероци од неговата гаража.

Во колекцијата на Брежнев беа најскапите луксузни автомобили од тоа време.

Брежнев научи да вози кола за време на Втората светска војна. Подоцна лично ги возеше сите автомобили од својата колекција.  

Леонид Брежнев во Полска во 1974 година и неговата претседателска лимузина ГАЗ-13 „Чајка“ („Галеб“).

ЗИЛ-111Г, ексклузивно беше правен од 1962 до 1967 година. Направени се вкупно 38 примероци. Во овој автомобил во 1969 година се наоѓаше Брежнев кога му беше извршен атентат на Црвениот плоштад.

Ричард Никсон му врачува на Леонид Брежнев клучеви од автомобил Lincoln Continental. Јуни 1973, САД, резиденција „Кемп Дејвид“. Темносиниот Lincoln е склопен лично за Брежнев, а на инструмент таблата е изгравиран натпис: „За спомен. Со најубави желби“.

Citroen SM Coupe во 1971 година на Брежнев му подари претседателот на Франција Жорж Помпиду. Автомобилот развиваше брзина од 225 км/ч. Но Брежнев велеше дека колата е „потесна, и фалениот италијански мотор е претерано бучен“.

Овој спортски седан Maserati Quattroporte на Леонид Брежнев во 1966 година му го подари италијанската Комунистичка партија. Автомобилот имаше мотор V8 со зафатнина од 4,1 л и 256 КС. Можеше да развива брзина од 230 км/ч. Брежнев не го сакаше овој автомобил и не го ни возеше. Кога во 1984 година го откупи фински колекционер, на тахометарот имаше само 9000 километри.

Mercedes-Benz 280SE Pullman (W100) од 1969 година (лево) на Брежнев му подари Вили Брант, канцеларот на Западна Германија. Направени се само 7 примероци на овој модел.

А некогаш одамна, уште во времето на Хрушчов, Леонид Брежнев се фотографираше со нов автомобил како и сите обични советски граѓани. Овој Opel Kapitän од 1960 година Леонид Илич го доби на подарок од ќерката и зетот.

Леонид Брежнев со внуката Вика зад воланот на еден од своите автомобили Mercedes-Benz.