Кој поседуваше странски автомобили во Советскиот Сојуз?

Валентин Мастјуков/TASS
Повеќето од автомобилите достапни за советските граѓани се произведуваа во СССР. Меѓутоа, имаше некои исклучоци.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“сме секогаш со вас!

Иако сите во Советскиот Сојуз сонуваа да поседуваат сопствен автомобил, малкумина можеа да си го дозволат тоа. Автомобилите беа скапи и беше крајно комплицирано да се набават. Возила од странство се увезуваа во СССР од различни причини. Во првите повоени години имаше прилив на странски автомобили кои пристигнуваа во СССР како воени трофеи.

Едно такво возило беше Mercedes W143. Се произведуваше во Германија кон крајот на 1930-тите. Некои автомобили од овој модел пристигнаа во Советскиот Сојуз по војната. Mercedes W143 стана популарен и благодарение на советската шпионска серија „Седумнаесет моменти на пролетта“ од 1973 година.

Во Советскиот Сојуз главно се продаваа половни странски автомобили, бидејќи беше речиси невозможно некој да купи сосем ново возило од странство. Сепак, како што споменавме претходно, имаше некои исклучоци. Првиот човек во вселената Јуриј Гагарин го поседуваше спортското купе Matra Jet, кое му го подари француската воздухопловна компанија Matra. Ова елегантно возило, дизајнирано и направено од производителот на автомобили Рене Боне, беше уникатно и ја предизвика љубопитноста кај луѓето во СССР, кои се собираа во толпа за да го разгледаат автомобилот одблизу.

За повеќето советски луѓе, купувањето автомобил од странство беше недостижен луксуз. Но, некои можеа да си дозволат користени возила, иако и нивните цени беа многу високи. Познатиот советски кантавтор Владимир Висоцки во својот живот поседуваше три странски автомобили.

Француската актерка Марина Влади, жена на Висоцки, на својот сопруг му купи Renault 16TS. За жал, Висоцки речиси веднаш го удри автомобилот и тој беше вратен во Франција, каде што беше поправен и продаден.

После тоа, советскиот пејач купи две BMW, модел 2500v SST, додека беше на турнеја во Германија. Висоцки купи два исти автомобила, бидејќи другиот му беше потребен како извор на резервни делови, кои во СССР беше невозможно да се набават.

Конечно, Висоцки купи Mercedes-Benz 450 SEL W116, произведен 1974 година. Тоа беше извонреден автомобил за тоа време: имаше ABS сопирачки, пневматска суспензија, автоматски менувач и 6,9-литарски мотор со 286 коњски сили. Висоцки овој автомобил го возеше по улиците на Москва до крајот на 1979 година, кога и го удри. Подоцна беше поправен и продаден во странство.

Обичните советски граѓани, односно оние меѓу нив кои добро заработуваа, можеа да купат половни странски возила без да одат во странство. Кога странските дипломати, бизнисмени и новинари го напуштаа Советскиот Сојуз, тие можеа да ги продаваат своите автомобили во СССР преку специјалната советска канцеларија за дипломатскиот кор. Беа потребни многу пари за да се набават овие возила, како и добри врски, да се познаваат луѓе кои можеа да го овозможат купувањето.

Овој Ford Taunus 17 M е едно од таквите возила.

Иако е невозможно да се каже кој точно го поседувал овој егзотичен странски автомобил, постојат фотографии од некои модели со советски регистарски таблички. Ова се Land Rover, BMW 321 и Chevrolet Styline на советските патишта.

Познато е дека Виктор Луис, новинар на платниот список на КГБ, во СССР го поседувал ова ретко Porsche 911.

Советскиот океанограф Александар Вершински го реставрираше ова „Порше 914“ и потоа го возеше.

Еден советски љубител на автомобили од странски дипломат по сообраќајна несреќа купи „Бјуик Ривиера“, го реставрираше и подоцна го возеше по улиците на Москва.

Во 1970-тите некои јапонски автомобили пристигнаа во СССР. Овој Datsun Cedric беше меѓу нив.

Главниот проблем што го имавте ако поседувате странски автомобил во Советскиот Сојуз беше, освен високата цена, дефицитот на резервни делови и соодветно на тоа - скапото одржување. Поправката на странски автомобил во СССР можеше да ве чини повеќе отколку што просечниот граѓанин можеше да заработи за неколку месеци. Сепак, тоа не беа луѓе кои можеа да си дозволат „Порше“, „Ленд Ровер“ или друг егзотичен модел.

Затоа странските автомобили на советските патишта беа исклучок, а не правило, сé до распадот на Советскиот Сојуз во 1990 година, кога сите брани беа отворени.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња