Дмитриј Врубељ, „Братскиот бакнеж на Леонид Брежнев и Ерих Хонекер“, Берлински ѕид
Global Look PressСталин и пилот, поларниот истражувач Василиј Молоков, 1937.
AFPСоветските лидери беа познати по топлата прегратка и присниот бакнеж. Сталин ги бакнуваше советските пилоти, а Хрушчов првиот човек во вселената Јуриј Гагарин.
Секретарот на Комунистичката партија на Чехословачка Густав Хусак и Леонид Брежнев, 1970.
Global Look PressНо најпознатиот по сочниот бакнеж в уста беше Леонид Брежнев, генералниот секретар на ЦК на КП на Советскиот Сојуз од 1964 до 1982. По повод тие бакнежи кружеа многу шеги. Таканаречениот „троен Брежнев“ стана познат во светот (нешто како што денеска е начинот на кој се ракува Доналд Трамп): еден во левиот образ, еден во десниот и третиот бакнеж усни на усни.
Брежнев и Кастро во Москва
Јуриј Абрамочкин/SputnikНекои државници не беа среќни поради таквиот начин на поздравување и бараа начин да го ескивираат. На пример, кубанскиот лидер Фидел Кастро одлучи по слетувањето во Москва да излезе од авионот со томпус во устата. Брежнев едноставно остана без можност да го покаже своето руско добредојде.
Брежнев и Чаушеску, Крим, 1979.
Владимир Мусаељан/TASSРоманскиот лидер Николае Чаушеску, кој наводно пател од бактериофобија, најде начин да го избегне бакнежот и притоа да не го навреди Брежнев. Вистина, не ни е познато како му успеа тоа. Можеби работата беше во тоа што Романија уживаше посебен статус во Источниот блок?
Брежнев и Тито во Белград, 1971.
SputnikНекои државници сепак немаа ништо против бакнувањето со советскиот лидер. Бакнежот на премиерката на Индија Индира Ганди и Брежнев и денес го краси ѕидот на нејзиниот дом-музеј. А бакнежот на Тито и Брежнев велат бил толку силен што на Јосип Броз му прокрварела усната.
Брежнев и Арафат во Москва, 1975.
Валентин Соболев/TASSВелат дека еден од првите „политички“ бакнежи на Брежнев беше оно со палестинскиот лидер Јасер Арафат, кој го посети Советскиот Сојуз 1968 година.
Леонид Брежнев и Ерих Хонекер, 1979.
Getty ImagesНо најпознатиот бакнеж на Брежнев е секако оној со лидерот на Источна Германија Ерих Хонекер 1979 година, кој стана бесмртен благодарение на сликарот Дмитриј Врубељ. Уметничкото дело е насликано на Берлинскиот ѕид со зборовите „Боже, помогни ми да ја преживеам оваа смртоносна љубов!“
Леонид Брежнев и Џими Картер, 1979.
Getty ImagesБрежнев не ги бакнуваше само лидерите на социјалистички земји, туку и капиталистите. Така еднаш „настрада“ и американскиот претседател Џими Картер.
Брежнев во Будимпешта, 1967.
Василиј Малишев/SputnikУште една Американка, педагог по танц Ени Холман беше во составот на американската делегација која го посети СССР 1973 година и имаше можност да ги почувствува топлите усни на Леонид Брежнев. Фотографијата ја прослави девојката на двете страни на Атлантикот.
Брежнев и бугарска делегација (Тодор Живков е втор од десно), 1969.
Шидловски/SputnikМеѓутоа не сите во раководството на ЦК на КПСС го одобруваа страсниот бакнеж на Брежнев. Јуриј Андропов, следниот генерален секретар на ЦК на КПСС и прв човек на КГБ во времето на Брежнев, еднаш изрази крајно незадоволство по повод овие бакнежи, велејќи: „Одвратно! Гостинот е болен, носот му тече, а тој [Брежнев] тргнал да се бакнува...“
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче