ГАЗ-3102 на улиците на Санкт Петербург.
Роман Пименов/TASSГАЗ-24, попознат како „Волга“, беше популарно возило што во СССР го правеше Горковската фабрика за автомобили од 1968 до 1992 година. Тие автомобили со задоволство ги користеа владините службеници и припадниците на КГБ.
ГАЗ-24 „Волга“ во Горковскиот автомобилски завод (ГАЗ).
Владимир Војтенко/TASSЗаедно со стандардните модели, постоеше и специјална верзија на ГАЗ-24 која беше правена специјално за КГБ. Еден таков модел имаше ознака ГАЗ-24-24. Често го користеа агентите на државната безбедност. Автомобилот имаше модернизиран мотор од 195 КС со 8 цилиндри и автоматски менувач. Можеше за 15 секунди да развие брзина од 0 до 100 км/ч, а максималната брзина му беше 190 км/ч. Беше толку популарен во КГБ што моделот често го нарекуваа и „КГБ Волга“.
Беа направени и други варијанти со дополнителни функции, прилагодени на потребите на КГБ. Една таква модификација ја доби ознаката ГАЗ-24-25. Главно ја користеше Деветтата управа на КГБ, т.е. службата за обезбедување на политичките лидери на СССР. Овие автомобили ги имаа истите карактеристики како ГАЗ-24-24, но со дополнителна опрема за комуникација, скриена во багажникот.
На полигонот на Централниот институт за испитување на автомобили (НАМИ).
Валентин Хухлаев/Галерија Лумиер/russiainphoto.ruГорковската фабрика за автомобили во 1981 година почна да го прави и ГАЗ-3102, специјална верзија на „Волга“ со подобрен надворешен и внатрешен дизајн. Шасијата исто така беше модернизирана, беа додадени диск-кочници на предните тркала, како и тандем вакуум засилувач. Каросеријата беше проектирана со добро дизајнираната зона на деформирање, а резервоарот за гориво беше поместен на побезбедно место.
Високите функционери многу го ценеа овој автомобил и беше само прашање на време кога ќе се појави модифицирана верзија заснована на моделот ГАЗ-3102. Првите четири автомобили со ознака ГАЗ-31012 беа склопени во 1985 година. Овој автомобил, познат како „Стигнувач“, имаше појачана каросерија, суспензија и сопирачки, додека моторот беше преземен од моделот ГАЗ-14.
Покрај моделот ГАЗ-31012, кој беше направен да не наликува на автомобил на КГБ, во 1988 година беше пуштен во производство и ГАЗ-31013. За разлика од неговиот претходник, овој модел не беше преправен во обична „Волга“. Имаше двојни издувни цевки и автоматски менувач.
ГАЗ-3102 во Музејот на советската автомобилска индустрија во Иваново.
Yury Savin (CC BY-SA 4.0)/TASSСите специјализирани „Волги“ беа правени во погон каде што беа склопувани мал број примероци и сите во суштина беа рачно изработени. Затоа овие возила се одликуваа со висок квалитет. По распадот на Советскиот Сојуз овие автомобили се произведуваа во ограничена серија до 1993 година.
Во модерна Русија, како специјални возила за обезбедување со средства за комуникација се користат автомобили од странско производство.
ГАЗ-24 и неговите специјални верзии и денес се симбол на советската автомобилска индустрија и неволно се асоцираат со КГБ. На овие автомобили им се восхитуваат колекционерите од целиот свет.
Овде погледнете ги 8 најдобри автомобили на советските и руските тајни служби.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче