- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Во текот на 1720-тите Кронштат стана главната военопоморска база на Балтичката флота. Во состав на комплексот одбранбени објекти на Невскиот залив го штитеше Санкт Петербург од страната на Финскиот залив. Исто така, беше и расадник за поморски кадри, воено, трговско и патничко пристаниште.

Public domain
На Кронштат наскоро му притреба сув док за поправка на подводниот дел на бродовите. Во Европа сличните објекти имаа сериозен недостаток бидејќи им беше потребно повеќе од еден месец за да се испумпува водата од докот, поради што и поправката траеше предолго. Амбициозен по природа, Петар реши да ја исправи таа ситуација и самостојно го подготви проектот за руски док.

Public domain
Идејата на царот се состоеше во тоа водата од докот да не се испумпува, туку да се обезводува. Затоа, тој проектираше систем на резервоари со различни длабочини. Кај докот длабочината на резервоарот беше 10-12 метри, а кај базенот кој се наоѓаше источно од докот беше 16 метри.
Центар за подводни истражувања на Руското географско друштво
Требаше водата да истече по должината на специјален канал, преку одвод, во базен, а оттаму да се испумпа во морето со помош на коњски запреги и ветерници.
Јулија Хакимова
Од идејата до нејзина реализација поминаа повеќе од 30 години. Додека во 1752 година Елисавета Петровна, ќерката на Петар I, го пушти погонот употреба.
Јулија Хакимова
Сувиот док во вид на крст беше долг 383 метри, широк 20 метри и можеше да прими 10 бродови. Вкупната должина на објектот беше поголема од 2 километри.
Јулија Хакимова
За испумпување на водата од базенот во 1774 година беше поставена шкотска парна машина. Таа можеше во целост да го испразни резервоарот за 9 дена. Подоцна беше заменета со електрични пумпи, така што докот функционираше до 2008 година.
Јулија Хакимова
Уникатен елемент на овој објект е Мостот на докот, изграден 1854 година. Тоа е единствениот ротирачки (не подвижен!) мост на подрачјето на Санкт Петербург, бидејќи пристанишниот град Кронштат припаѓа на северната престолнина. За да може бродот да се закотви во докот, мостот се поместуваше настрана за 90 степени.
Јулија Хакимова