Овој док за бродови на Петар I работеше од средината на XVIII до почетокот на XXI век

Public domain
Според цртежите на Петар I, првиот сув док за бродови во Русија е изграден во 1725 година. Во тоа време тоа бил најмодерниот хидротехнички објект од овој тип во Европа и функционираше дури до 2008 година.

Во текот на 1720-тите Кронштат стана главната военопоморска база на Балтичката флота. Во состав на комплексот одбранбени објекти на Невскиот залив го штитеше Санкт Петербург од страната на Финскиот залив. Исто така, беше и расадник за поморски кадри, воено, трговско и патничко пристаниште.

На Кронштат наскоро му притреба сув док за поправка на подводниот дел на бродовите. Во Европа сличните објекти имаа сериозен недостаток бидејќи им беше потребно повеќе од еден месец за да се испумпува водата од докот, поради што и поправката траеше предолго. Амбициозен по природа, Петар реши да ја исправи таа ситуација и самостојно го подготви проектот за руски док.

Идејата на царот се состоеше во тоа водата од докот да не се испумпува, туку да се обезводува. Затоа, тој проектираше систем на резервоари со различни длабочини. Кај докот длабочината на резервоарот беше 10-12 метри, а кај базенот кој се наоѓаше источно од докот беше 16 метри.

Требаше водата да истече по должината на специјален канал, преку одвод, во базен, а оттаму да се испумпа во морето со помош на коњски запреги и ветерници.

Од идејата до нејзина реализација поминаа повеќе од 30 години. Додека во 1752 година Елисавета Петровна, ќерката на Петар I, го пушти погонот употреба.

Сувиот док во вид на крст беше долг 383 метри, широк 20 метри и можеше да прими 10 бродови. Вкупната должина на објектот беше поголема од 2 километри.

За испумпување на водата од базенот во 1774 година беше поставена шкотска парна машина. Таа можеше во целост да го испразни резервоарот за 9 дена. Подоцна беше заменета со електрични пумпи,  така што докот функционираше до 2008 година.

Уникатен елемент на овој објект е Мостот на докот, изграден 1854 година. Тоа е единствениот ротирачки (не подвижен!) мост на подрачјето на Санкт Петербург, бидејќи пристанишниот град Кронштат припаѓа на северната престолнина. За да може бродот да се закотви во докот, мостот се поместуваше настрана за 90 степени.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња