Зошто првата химна на Русија e „копија“ на англиската?

Кира Лисицкаја (Photo: Public domain; Legion Media)
Мелодијата на првата официјална руска химна била иста како мелодијата на британската химна „God Save The King“.

Руската империја до 1816 година немала официјална химна. Наместо тоа, на официјалните церемонии е интонирана една од трите композиции:

  • Воената песна „Нека одекне громот на победата!“ (текст Гаврило Державин, музика Осип Козловски);
  • Религиозната химна „Колку е славен нашиот Господ на Сион“ (текст Михаил Херсаков, музика Димитриј Бортњански);
  • Маршот на Преображенскиот полк - при прославувањето на воените победи, бидејќи според традицијата императорот лично командувал со полкот.

Било премногу комплицирано да има три химни, и затоа за време на владеењето на императорот Александар I било одлучено да се утврди нова единствена химна.

К. П. Брјулов. Портрет на поетот В. А. Жуковски. 1837-1838.

На крајот на 1816 година Александар издал декрет според кој „Молитвата на рускиот народ“ станала првата официјална химна на Руската империја. Зборовите на химната се преземени од истоимената песна на Василиј Жуковски, а мелодијата е преземена од британската национална химна. Како така?

Портрет на императорот Александар I, Џорџ Доу

Царот Александар бил англофил, како и неговото најблиско опкружување во првите години од неговото владеење. Пријателството меѓу Руската и Британската империја уште повеќе се зацврстило по руската победа над Наполеон, а во Петербург англоманијата била подигната на речиси официјално ниво. Како за пример, галеријата со портрети на руските херои од Татковинската војна од 1812 година е создадена под раководство на британскиот портретист Џорџ Доу. Така и за новата химна е земена музиката на британската композиција God Save The King (автор е поетот и композитор Хенри Кери), а првите два стиха биле идентични дури и по значење.

Хенри Кери, автор на британската химна

Химната „Молитва на рускиот народ“ е интерпретирана на сите свечени состаноци и настапи на царот. Таа останала државна химна на Русија до 1833 година, кога по наредба на царот Николај I композиторот Алексеј Лавов напишал нова музика, а Василиј Жуковски малку го променил својот стар текст. Така настанала химната „Боже, чувај го царот!“ (рус. „Боже, царя храни!“), која била во употреба до 1917 година.

Композиторот Алексеј Фјодорович Лавов

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња