Москва, 9. мај 1945. Фотографија на Дмитриј Баљтерманец. Мелодијата на сегашната руска химна го добила статусот на државен симбол во Кремљ кон крајот на 1943 година.
Се живее подобро (Жить стало лучше, 1936)
Сето тоа започна во 1930 година, кога националната химна на Советскиот Сојуз сѐ уште била "Интернационалата" (химната на многу левичарските движења од деветнаесеттиот век, со посебни стихови напишани на руски). И така, на 17 ноември 1935, фалејќи ги „стахановците“, работниците кои го надминуваат обемот на работа, а со тоа ја забрзуваат и индустријализацијата на СССР, генералниот секретар на ЦК КПСС Јосиф Сталин ја кажа следнава позната реченица: "Сега се живее подобро, другари. Сега се живее посреќно. А, кога се живее весело, и работата оди од рака. Доколку кај нас се живее лошо, неугледно, невесело, никакво стахановско движење не би ни имало“.
Првата фраза од изјавата на Сталин стана толку многу позната и популарна што следната година според неа беше напишана песна. Авторот на музиката, генерал-мајорот и професор по музика на конзерваториумот „Чајковски“ Александар Василевич Александров (1883-1946), основач на познатиот ансамбл, кој и денес го носи неговото име и настапува во целиот свет, тогаш дури и не можел да замисли што ќе стане неговата композиција во иднина.
Во стихови напишани од поетот Василиј Иванович Лебедев-Кумач (1898-1949), зборовите на Сталин се претставени како песна која лета над советската земја, „простор за ум и раце", која нејзините граѓани забрзано ја подготвуваат за подобра и среќна иднина.
„Се живее подобро“ (1936). Изведува: Ансамбл на црвеноармејски песни и игри на СССР, под диригентската палка на Александар Александров (1936).
Звонки, как птицы, одна за другой, Знай, Ворошилов, мы все начеку, Хочется всей необъятной страной |
Ѕвонливи како птица, една по друга Со песна нова среќа кове. Погледни го сонцето, и тоа посветло сјае. Поубаво се живее, повесело се живее! Секаде има простор за ум и за раце, Секаде наидуваш на пријатели и пријателки. Староста е потопла, а младоста посмела, Поубаво се живее, повесело се живее! Знај, Ворошилов, сите ние сме на штрек, Ни педа земја нема да му дадеме на непријателот. Имаат сила татковците и децата, Поубаво се живее, повесело се живее! Сета непрегледна земја би сакала На Сталин да му вика: „Благодарам, Најблизок!“. Долго да си ни жив и здрав, Поубаво се живее, повесело се живее! Ѕвонливи како птица, една по друга Песни летаат на советската земја. Весел напев на градовите и полињата – Поубаво се живее, повесело се живее! |
Химна на Партијата на болшевиците (1939)
Неколку години подоцна, популарноста на песната довела до тоа таа да биде избрана за химна на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз. Александров незначително ја изменил музиката, а Лебедев-Кумач напишал нов текст. Во него се зборува за партијата на Ленин и Стали, која со својата вистина и сила засновани на филозофијата на Маркс и Енгелс создала држава на Советите, која е единствена таква во светот. Песната ја претставува Комунистичката парија како „гордост, мудрост, срце и сила на народот“.
Химна на Партијата на болшевиците (1939). Изведува: Ансамбл на црвеноармејски песни и игри на СССР, под диригентската палка на Александар Александров (1939).
Страны небывалой свободные дети, Сегодня мы гордую песню поём О партии самой могучей на свете, О самом большом человеке своём. ПРИПЕВ: Славой овеяна, волею спаяна, Крепни и здравствуй во веки веков Партия Ленина, партия Сталина Мудрая партия большевиков! Страну Октября создала на земле ты Могучую Родину вольных людей. Стоит как утёс государство Советов Рождённое силой и правдой твоей. ПРИПЕВ Изменников подлых гнилую породу Ты грозно сметаешь с пути своего. Ты гордость народа, ты мудрость народа, Ты сердце народа и совесть его. ПРИПЕВ И Маркса и Энгельса пламенный гений Предвидел коммуны грядущий восход. Дорогу к свободе наметил нам Ленин И Сталин великий по ней нас ведёт. ПРИПЕВ |
Нема ваква земја на слободни деца Горда песна пееме денес За најмоќната партија на светот, За најголемиот човеков сон. РЕФРЕН: Со слава овенчана, со волја обединета Биди ни јака и крепка со векови, Партијо на Ленин, партијо на Сталин, Мудра партијо на болшевиците! Земја Октомвриска создадовте вие Моќна Родина на слободни луѓе. Како карпа стои државата на Советите Родена со силата и со правдината твоја РЕФРЕН Сојот подмолен на предавникот гнил Ти сурово го бришеш од патот свој. Ти си гордост на народот, ти си мудрост на народот, Ти си срцето на народот и негова си совест. РЕФРЕН Пламениот гениј на Маркс и Енгелс Го предвиде искачувањето на комуната. Патот кон слободата ни ја покажа Ленин И големиот Сталин по неа нѐ носи. РЕФРЕН |
Химна на Советскиот сојуз (1944-1977)
Во климаксот на Големата Октомвриска војна, на песната на Александров ѝ се случила неочекувана судбина. Раководството на земјата на чело со Сталин, решило да ја промени химната на СССР. Нивната намера била музиката повеќе да не биде „со странско потекло“ („Интернационалата“ во 1888 година ја напишал францускиот композитор Пјер де Гејтер). Освен тоа наднационалната „Интернационала“, која поетски ги претставувала космополитските надежи на меѓународното работничко движење и на Комунистичкиот манифест, повеќе не одговарала на историската реалност.
Предлог за новата химна напишале и величини како што се Арам Хачатурјан и Дмитриј Шостакович. Но, сепак Сталин решил химната на Партијата чија музика ја напиша Александров да стане мелодија на државната химна на СССР. Важна улога одиграл и фактот што песната била исклучително познато. Или, како што Сталин се изразил за музиката на Александров – „тоа е химна за моќна земја, во неа се огледа моќта на државата и вербата во нашата победа“.
Но, повторно било потребно да се смени текстот и оваа задача им била доверена на писателите Сергеј Михалков (1913-2009), таткото на славниот режисер Никита Михалков, и на Габриел Урекљан (1899-1945), ерменски новинар и писател, попознат по прекарот Ел-Регистан.
Двајцата автори мошне внимателно го срочиле текстот. На самиот почеток најпрво се истакнува дека новата држава, СССР, по волјата на народот ја создала Велика Русија, која се споменува под нејзиното старо име „Русь“. Текстот објаснува дека Ленин овој историски, руско-советски, процес го донел до слободата, а дека Сталин ја поттикнал новата земја на работа и ја зајакнал. Конечно, наместо Партијата која „сојот подмолен на предавникот гнил сурово го брише од патот свој“, тука Армијата на Татковината „подмолните освојувачи од патот ќе ги збрише“.
Сталин ја одобрил новата химна на 14 декември 1943 година и таа за првпат била изведена на 1 јануари 1944 година.
По смртта на Сталин во 1953 година, СССР влезе во периодот на „десталинизација“. Неговото име сѐ помалку било споменувани, а како главна фигура во создавањето на земјата се истакнувал само Ленин. Затоа од 1955 до 1977 година, кога биле усвоени новите стихови, химната била изведувана без текст.
Химна на Советскиот Сојуз (1944). Изведува: Патријаршискиот хор на Руската православна црква. Диригент: Владимир Комаров. Оргули: Александар Гедике (1948).
Союз нерушимый республик свободных |
Сојуз на нераскинливи републики слободни Ги соедини засекогаш Големата Русија. Да живее создаден по волјата на народот Единствениот, моќен Советски Сојуз! РЕФРЕН: Слава ти, Татковино наша слободна, Сигурен бедему на пријателството на народот! Знамето советско, знамето народно Од победа во победа нека нѐ води! Низ бурите сонцето на слободата ни светеше, И големиот Ленин ни го осветли патот: Нѐ израсна Сталин, и со верноста на народот, Со работата и подвизите нѐ вдахнови! РЕФРЕН Ние армијата наша во битки ја израснавме. Подмолните освојувачи од патот ќе ги збришеме! Ние во битките решаваме за судбината на поколенијата, Кон слава нашата Татковина ќе ја поведеме! РЕФРЕН |
Химна на Советскиот Сојуз (1977-1991)
Конечно, во 1977 година раководството на СССР со Леонид Брежњев реши, по повод донесувањето на новиот Устав на СССР, чувствителната преработка на текстот повторно да им ја довери на авторите што ја напишаа во 1943 година.
Името на Сталин е исфрлено, а во рефренот Партијата на Ленин е наречена „народна сила“ која ја води државата кон комунизмот. Треба да се спомене дека зборот „комунизам“ тука за првпат е употребен во целосна согласност со филозофијата на Маркс. Заслугите на Сталин за „вдахновение за работа“ туку му припаднале на Ленин. Исфрлени се воените стихови, кои повеќе не биле актуелни како во 1944. Во последната строфа уште еднаш се истакнува иднината на земјата – сѐ уште недостигнатата состојба на комунизам.
Химна на Советскиот Сојуз (1977). Изведува: Ансамблот за песни и игри на Советската Армија „А. В. Александров“ – КАППСА (1977).
Союз нерушимый республик свободных Сплотила навеки Великая Русь! Да здравствует созданный волей народов Единый, могучий Советский Союз! ПРИПЕВ: Славься, Отечество наше свободное, Дружбы народов надёжный оплот! Партия Ленина - сила народная Нас к торжеству коммунизма ведёт! Сквозь грозы сияло нам солнце свободы, И Ленин великий нам путь озарил: На правое дело он поднял народы, На труд и на подвиги нас вдохновил! ПРИПЕВ В победе бессмертных идей коммунизма Мы видим грядущее нашей страны, И Красному знамени славной Отчизны Мы будем всегда беззаветно верны! ПРИПЕВ |
Сојуз на нераскинливи републики слободни Ги соедини засекогаш Големата Русија. Да живее создаден по волјата на народот Единствениот, моќен Советски Сојуз! РЕФРЕН: Слава ти, Татковино наша слободна, Сигурен бедему на пријателството на народот! Партијата на Ленин, силата народна, Кон триумф на комунизмот нѐ води! Низ бурите сонцето на слободата ни светеше, И големиот Ленин ни го осветли патот: На прав пат го поведе народот, Со работата и подвизите нѐ вдахнови! РЕФРЕН Во победата на бесмртните идеи на комунизмот Ние ја гледаме иднината на нашата земја, И на Црвеното знаме на славната Татковина Засекогаш ќе останеме бескрајно верни! РЕФРЕН |
Химна на Руската Федерација (2000)
Конфузијата што ја донесе распадот на СССР се одрази и на изборот на нова државна химна на Руската Федерација. Од 1991 до 2000 Русија, изгледа, беше без вистинска идеја што да ѝ биде химна. Така, под раководство на Борис Елцин, беше донесено необично решение: химна на РФ да биде „Патриотската песна“ на Михаил Глинка напишана во 1833 година и постхумно најдена во 1895 година. Привремената химна, која дотогаш им беше непозната на сите освен на музичките стручњаци, беше изведувана без текст. Овој факт особено лошо делуваше на моралот на спортистите на меѓународните натпревари.
На ваквата ситуација ѝ беше ставена точка кон крајот на 2000 година, во расплет кој сам по себе претставува важно збиднување во новата руска историја и важно обележје на нејзиниот сегашен идентитет. По опширните јавни расправи, новиот претседател Владимир Путин ѝ ја врати на Русија мелодијата на химната на СССР на Александров, а промената на зборовите по третпат му беше доверена на истиот човек – Сергеј Михалков. Овој литерат, кој тогаш имаше 87 години уште еднаш се најде пред голема задача и во длабок симболички континуитет на настаните.
Но, тогаш се јавија многумина кои сметаа дека новата Русија не смее да стои пред „сталиновата химна“. Оние што во тоа време сметаа дека Русија треба на сите можни начини да се дистанцира од СССР како главен аргумент го земаа фактот што старата мелодија според своето потекло е длабоко поврзана со Сталин и тоа што тој лично во 1943 година ја прогласил за химна.
Сепак, мнозинството не мислеше така, вклучувајќи го и тогашниот патријарх на РПЦ. Алексеј Втори ја поддржа идејата, како што се изрази, за комбинирање на дореволуционерното знаме и постреволуционерната (советска) химна, јаво изразувајќи поддршка на политиката на неодрекување од ниту еден дел од руското минато – кое симболично беше воведено од страна на новиот претседател.
И така, Руската Федерација ново-старата химна од советското минато за првпат ја слушна на 1 јануари 2001 година, на првиот ден од 21 век.
Внимателната анализа открива дека новите зборови всушност претставуваат најтенок и филигрански сплет на континуитет со сите инкарнации на песната од 1936. Стиховите се воопштени според својот карактер и од нештата кои се специфично поврзани за Русија ја истакнуваат нејзината големина („од топлите мориња до поларните краишта“) и нејзината „единственост“ во историјата на светот. За првпат во историјата на руската химна зборовите се обоени со малку вистинска романтика, зашто сега нашата Татковина е големо место (широк простор) „за сништа и живот“. Наместо Партијата на Ленин и на Сталин од 1944, „мудроста на народот“ во бовата химна поттекнува од „предците“. Наместо „победата на идејата на комунизмот“, иднината на земјата ја носат „мечтите и животот“.
Така, во тој „широк простор за мечти и за живот“ на новата генерација Руси од 21 век се вплоти „просторот за ум и за раце“ на генерацијата на Советите од најстарата верзија на песната „Се живее подобро“ од 1936 година. Може да се каже дека со таква херојска и голема работа која во развојот на земјата ја вложиле граѓаните на раниот СССР, токму ним им се оддава признание, и дека симболично се затвора големиот историски круг.
Освен тоа, како потсетување на старите предреволуционерни времиња, вратен е и зборот „Бог“. Тој сега, наместо некогаш царот (во химната на Руската Империја 1833-1917) ја чува Русија.
И така, старата комунистичка химна со призвуци од народените песни, ос советската грандиозност и од романтиката и љубовта на новите стихови, денес ја претставува Русија, нејзината компликувана и уникатна историја и новиот пат кон кој таа тргнала во 21 век.
Поради восхитувачката свеченост и специфичниот емотивен набој со право многу аматери и стручњаци од сите делови на светот ја сметаат сегашната руска химна за една од најубавите и најуспешни државни химни на светот.
Химна на Руската Федерација (2000). Изведува: Државниот симфониски оркестар на Русија и хорот на Државниот академски Бољшој театар. Диригент: Феликс Коробов (2004).
Россия — священная наша держава, Россия — любимая наша страна. Могучая воля, великая слава — Твоё достоянье на все времена! ПРИПЕВ: Славься, Отечество наше свободное, Братских народов союз вековой, Предками данная мудрость народная! Славься, страна! Мы гордимся тобой! От южных морей до полярного края Раскинулись наши леса и поля. Одна ты на свете! Одна ты такая — Хранимая Богом родная земля! ПРИПЕВ Широкий простор для мечты и для жизни Грядущие нам открывают года. Нам силу даёт наша верность Отчизне. Так было, так есть и так будет всегда! ПРИПЕВ |
Русија - света наша држава,
РЕФРЕН: |
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче