- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Грабежливците планирале да ја ограбат стоковната куќа „Молодјожни“, знаменитоста на советскиот главен град. Тука се продаваше дефицитарна роба, и со самото тоа имаше најмногу готовина. Во вечерните часови на 14 ноември 1986 година касиерите, судејќи според извештаите, собрале преку 330 илјади рубли, што во тој момент изнесува околу 530 илјади американски долари.
Александар Чумичов / TASS
Во 21:10 пред главниот влез во стоковната куќа запира камионот со готовина. Припадник на обезбедувањето влегува во продавницата, ги зема парите и се враќа до камионот. Во тој момент го погодува куршум.
Архив на Министерството за внатрешни работи на РФ
Веднаш започнува престрелка во која гинат шест лица, а потоа полицијата трга во потера по злосторниците. Пљачкашите имаат искуство од работата во вооружените структури и се немилосрдни.
Александар Шогин / TASS
На крај сепак сите се уапсени или убиени. Грабежот на стоковната куќа „Молодјожни“ често се наведува како најголемиот грабеж во историјата на Советскиот Сојуз.