По Антонина Макарова се трагаше долги 30 години. На почетокот на Втората светска војна таа замина на фронтот како болничарка, а потоа премина на страната на нацистите и ја вршеше највалканата работа, т.е. служеше како џелат за време на погубувањето на руски заробеници. Има убиено со митралез околу 1500 луѓе. Кога советската армија влезе во Кенигсберг, Макарова фалсификуваше документи и се преправаше дека работи во руски баталјон. Погубена е на 11 август 1979 година.
Public domain
Берта Бороткина, заслужна работничка на прехранбената индустрија на СССР, го доби прекарот „Железната Бела“. Кариерата ја започна на 34 години како келнерка, а дваесет и три години подоцна веќе ги контролираше сите ресторани и мензи на Црноморското приморје. Беше на чело на огромна корумпирана структура. Парите се „цедеа“ секаде каде што беше можно: киселата павлака се мешаше со вода, коњакот со чај итн. Според советските новинари, таа беше погубена затоа што знаеше премногу, па можеше да издаде многу партиски функционери кои беа вплетени во таа мрежа. Погубена е 1985 година.
Скриншот од емисијата „Советските мафии. Железната Бела“/ ТВЦ
Третата погубена жена беше Тамара Ивањутина, која работеше во училиште миејќи садови. Таа отру повеќе од десет луѓе само затоа што не ѝ се допаѓале. Уби неколку ученици „затоа што не ја послушале кога им рекла да ги наредат столовите во трпезаријата“, го уби првиот маж и родителите на вториот. Во труењето на непожелните лица учествуваа нејзините родители и сестрата. Погубена е на 6 декември 1990 година.
Скриншот од емисијата „Водевме истрага“ со Леонид Каневски/НТВ
- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа