Десет најчести прашања за Русија

Russia Beyond (Клавдий Лебедев / Public Domain; Legion Media; "Царский Титулярник" / Public Domain)
Следуваат јасни, концизни одговори кои ќе ве запознаат со најважните детали и настани од историјата на Русија.

1. Зошто Русија се нарекува Русија?

Името на земјата потекнува од зборот „Русь“, меѓутоа, точното потекло на овој збор е непознато. Некои историчари тврдат дека „Русь“ потекнува од римскиот збор „ross“, што значи „црвено“. Другата верзија сугерира дека „Русь“ потекнува од скандинавскиот јазик и дека се користел за опишување на Словените со кои владееле викинзите (Рјурикович).

2. Кој бил првиот руски владетел?

Рјурик, 1672 година.

Се верува дека е Рјурик, варјашки кнез, повикан да владее со градот Новгород во Русија околу 862 година. Иако Рјурик е полулегендарна фигура (можело да има неколку луѓе поврзани со ова име),, се смета за основач на династијата Рјурикович. Кнезовите Рјурикович владееле со разни делови на Русија и војувале едни со други сѐ дури не се консолидирала власта во Москва.

3. Зошто дошло до монголско-татарската инвазија?

Таканаречената монголско-татарска инвазија на руската земја започнала во 13 век како дел од целосното освојување на Монголското царство, на чело со Џингис-хан. Огромната војска на Монголското царство ги освоила земјите од Кина до денешна Унгарија, вклучувајќи ги и руските кнежевства. Монголците ги даночеле и ги лишиле од политичка независност руските кнезови.

Меѓутоа, набргу Монголското царство се распаднало и руските земји на крајот потпаднале под влијание на Златната Орда, еден од остатоците на Монголското Царство. Во 14 век руските кнезови започнале да ѝ се спротивставуваат на Хордата и во 1380 година, во Куликовската битка, за првпат била победена војската на Ордата. Еден век подоцна, во 1480 година, зависноста од Ордата била завршена со битката кај Угра.

4. Кој бил првиот руски цар?

Иван Четврти Васиљевич, исто така познат и како Иван Грозни, бил првиот велики кнез на Москва кој бил крунисан и венчан за царството. Зборот „цар“ е изведен од латинската титула за римски цареви „Цезар“. Во староисточнословенскиот се појавува во 11 век. Се користела за означување на библиски и древни кралеви, на византискиот цар и за хановите на Златната Орда.

Цариград го заземе Османлиите во 1453 година, што значи дека повеќе не постоело византиско „царство“, а во 1489 година Златната Орда е протерана во битката кај Угра. Московската држава станала независна, а нејзиниот владетел суверен. Ваквиот владетел во очите на Русите можел да се нарече цар. Во 1547 година Иван Васиљевич, синот на великиот кнез на Москва Василиј Трети, е крунисан за прв цар на цела Русија.

5. Колку владејачки династии имало во Русија?

Имало само две. Династијата Рјурикович го завршила своето владеење во 16 век, кога царот Фјодор Иванович (синот на Иван Грозни) и неговата сопруга Ирина Годунова не оставиле престолонаследник. Следувала криза на династии, позната како Смутна доба. Неколку цареви кусо време владееле со Русија: Борис Годунов, Лажниот Дмитриј Први, како и Василиј Шујски. Меѓутоа, само Шујски бил Рјурикович, а по неговата смрт, Русија немала принцови од оваа династија кои би можеле да го заземат престолот.

По Смутната доба, Русите го свикале Земксиот собор („земско собрание“), своевиден парламент од тоа време, за да се избере нов цар. Меѓутоа, изборот уште претходно го направиле владејачките елити. Новиот цар, Михаил Фјофорович Романов, бил далечен роднина на Фјодор Иванович. Така на власт дошла династијата Романов, која го завршила своето владеење во 1917 година со абдикцијата на последниот цар Николај Втори.

6. Зошто Москва станала главен град на Русија?

Црвениот плоштад, Москва, 1801 година.

Москва веќе во 12 век била тврдина и трговско средиште, благодарение на својата местоположба – релативно близу до Волга, главната трговска и транспортна артерија на Русија во средниот век. Земјите од североисточна Русија, вклучувајќи ги Москва, Владимир, Суздаљ, биле релативно мирни и стабилни за време на монголско-татарската инвазија, која ги покорила Киевска Русија и кнежевствата на Јужна Русија. Поради тоа по 13 век Москва постојано се зајакнувала. Во 14 век московските кнезови успеале да ги надминат сите останати кнезови на Рјурикович и да станат велики кнезови на Владимир и Москва.

Кнезот Дмитриј Донски, кој ги победил Татарите во Куликовската битка, бил московски кнез. Во 1389 година Владимир, градот кој се сметал за „главен“ руски град, бил доделен на московските кнезови како нивна наследна своина. Оттогаш Москва се сметала за главен град на руската земја. Кога руската земја станала независна од Златната Орда во 15 век, московските кнезови станале нејзини владетели, а кога во 1547 година Иван Грозни бил крунисан за цар, државата го добила името Московско царство,

7. Зошто престолнината била преместена во Санкт Петербург?

Казањски собор, Санкт Петербург, 1821 година.

Престолнината од Москва во Санкт Петербург во 1712 година ја пренел Петар Велики. Петар војувал со Швеѓаните за излез на Балтичкото море – Северната војна (1700-1721), и Русија во текот на оваа војна успеала да освои земји што ѝ припаѓале на Шведска – современата област на Санкт Петербург.

Петар го основал Санкт Петербург како главен град на брегот на Балтичкото море, зашто Москва била премногу длабоко во руската земја за да обезбеди брза и сигурна трговија и за да одржува политички односи со Европа. Петар сакал неговите странски гости да стасуваат побрзо, по море. Сакал неговата престолнина да изгледа поевропски. Петар ја повикал својата владејачка елита во Санкт Петербург, пренесувајќи го царскиот двор во 1712 година.

8. Зошто Москва и Санкт Петербург и понатаму се нарекуваат „две престолнини“?

Храмот на Василиј Блажени во Москва и храмот Спас на крвта во Санкт Петербург

Без оглед на кусиот период помеѓу 1728 и 1732 година, кога престонината (и дворот) се вратиле во Москва, Санкт Петербург останал главен град до 1918 година. Меѓутоа, за да бидат крунисани, руските цареви сепак патувале во московската Успенска катедрала, така што Москва во тој период го задржала називот „Стара престолнина“.

Кога Москва повторно станала престолнина во 1918 година под болшевиците, Петербург (кој бил преименуван во Петроград, а по смртта на Ленин во 1924 година во Ленинград), станал познат како „Северна престолнина“.

9. Како се нарекувал рускиот владетел? Кнез, цар, император?

Првиот познат владетел на руските земју, Рјурик, традиционално се нарекува „кнез“, како и сите други познати владетели по него. Недостатокот од историски извори нѐ спречува да сфатиме кој навистина бил првиот кнез во Русија и дали покрај Рјурикович постоеле други кнежевски династии.

Меѓутоа, до моментот кога монголско-татарската наезда била завршена, владетелот на руските земји се нарекувал „велики кнез на Москва“. По 1547 година на чело на Русија стоел царот на Москва и на цела Русија. Во 1721 година, по победата во Северната војна, сенатот на Русија му дал на царот Петар титула император и била создадена Руската Империја.

10. Кој најдолго владеел со Русија?

Иван Грозни

Најдолго владеел првиот руски цар Иван Грозни (1530-1584). Станал велики кнез на Москва во 1533 година кога имал само три години, по смртта на својот татко Василиј Трети Московски. До 1547 година само формално владеел, при што најголемиот број одлуки ги носела болјарската аристократија. Во 1547 година, кога имал 16 години, бил крунисан за цар на цела Русија и со тоа започнало неговото владеење.

Иван починал во 1584 година, кога имал 54 години. Со земјата владеел 50 години и 3 месеци.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња