Скок од вселената: како 1962 година советски падобранци се десантираат од 25 км висина

Global Look Press
Во раните утрински часови на 1 ноември 1962 година, недалеку од градот Волск во Саратовската област, кон небото почна да се издигнува стратостатот „Волга“. Неговиот екипаж се состои од испитувачите мајор Евгениј Андреев и полковник Петар Долгов.

Летот е дел од вселенската програма на СССР и се нарекува експеримент „Ѕезда“. Од Евгениј Андреев се бара да изврши итно одделување од гондолата, аналог на вселенска капсула, како и да ги утврди можностите за контрола на телото во случај на слободен пад. На Петар Долгов му претстои тестирање на прототипот на современиот вселенски скафанцер и нов падобрански систем, пишува „Росијскаја газета“.

„Како што се зголемува надморската височина, небото ги менува боите. Прво станува бледо сино, потоа сино-виолетово и на крајот црно. Во бродот е топло и пријатно, а надвор е ладно. На висина од 13000 м термометарот покажува 65 степени под нулата, а потоа малку се затоплува и температурата останува на -61 степени Целзиусови“, пишува Евгениј Андреев во својата книга „Небото околу мене“.

За два часа стратостатот достигнува максимална висина од 28640 м и од Земјата доаѓа команда да се започне експериментот.

„Почнувам дехерметизација на кабината, чекајќи кислородот под притисок да почнува да влегува во скафандерот. Компресорот на костумот почнува да работи и ме притиска од сите страни. М;у рапортирам на Долгов: „Има преголем притисок“. Преку стаклениот ѕид зад термичката преграда го гледам мирното насмеано лице на Петар Иванович.

- До гледање, Петја!

- Среќен пат!

Традиционално, ја покренувам десната рака кон кацигата како поздрав. Потоа ја местам рачката на столот. Нагло ги притискам рачките на столот и се лансирам во пустелија“, пишува Андреев.

За 270 секунди тестаторот прелетува 24500 метри при слободен пад, а потоа се отвора падобранот. Тој успешно слетува и ја гледа на небото куполата на другиот падобран, со кој се спушта починатиот Петар Долгов. Во шлемот на тестаторот има мала дупка со големина од едвај неколку милиметри. Како што претпоставува истрагата, по катапултирањето на Андреев гондолата уште долго време се тресела. Во моментот кога полковникот Долгов сакал да скокне по неговиот колега, со шлемот се удрил во шрафот за заклучување на прозорчето. Неговиот скафандер веднаш се дехерметизирал.

Неколку дена по летот во сратосферата, Президиумот на Врховниот совет на СССР издава указ за доделување на звањето Херој на Советскиот сојуз на Петар Долгов и Евгениј Андреев. Улица во Москва е именувана по Петар Долгов.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња