Тенкот кој на Германците им се „сторил смешен“ беше всушност еден од најуспешните советски тенкови во триесеттите години од минатиот век – „брзоодечкиот тенк“ БТ-7. Развиваше брзина од 53 километри на час на гасеници и 73 километри на тркала. Беше вооружен со топ со калибар од 45 милиметри и со митралез со калибар од 7.62 милиметри.
Archive photo
Тенкот за првпат учествуваше во еден воен судир во битката кај езерото Хасан на советско-манџурската граница против јапонската армија во 1938 година, а потоа во сите воени конфликти во кои СССР учествуваше во триесеттите години од минатиот век: во битката на Халкин Гол, во Полска и во Зимската војна против Финска.
Archive photo
Во почетната фаза на Втората светска војна БТ-7 според борбените карактеристики не заостануваше зад поголемиот дел германски тенкови и користен е до средината на 1942 година. Заклучната епизода од воената биографија на БТ-7 беше советско-јапонската војна во август и септември 1945 година. Во тој момент овие тенкови веќе беа застарени и користени се во баталјоните на втората офанзивна линија, зад помоќните модели Т-34 и ИС-2.
Archive photo
Кога Германците за првпат го здогледале овој тенк со подигнати капаци на куполата, ги потсетило на Мики Маус. Непријателската германска армија го користела ова кодно име за тенкот БТ-7. Произведени се вкупно 5.000 вакви тенкови, а производството било стопирано во 1940 година.
Archive photo
Историјата на Големата татковинска војна ги чува сеќавањата на многу тенковски асови. Но, малобројни се хероите во лесни тенкови. Еден од нив е командирот на тенкот БТ-7 Григориј Најдин кој во две покуси борби на самиот почеток од операцијата Барбароса уништил 15 германски тенкови и уште десет оружја.
Archive photo
Германците сметале дека во Црвената армија постои уште еден Мики Маус. Се мислело на некои модели од тенкот Т-34 кои исто така ги имале ушите на Мики на куполата. Некои советски тенкисти ги чувале капаците секогаш отворени поради подобрата вентилација, а исто така и од страв дека капакот нема да се отвори кога тоа ќе биде најмногу потребно.
Archive photo