„Национален Интерес“: Русија се откажа од советскиот „супертенк“

Т-14 „Армата“, Москва, Црвениот плоштад 2019.

Т-14 „Армата“, Москва, Црвениот плоштад 2019.

Комсомольская правда/Global Look Press
Русија реши да го развива новиот тенк Т-14 „Армата“ наместо советскиот проект Т-95, планиран пред распадот на СССР, иако претходниот проект беше поамбициозен од сегашниот и ќе беше подобар од повеќето современи тенкови на НАТО.

Пред крајот на Студената војна Советскиот сојуз направи прототип на тенкот Т-95 или „Објектот 195“, пишува американскиот военополитички магазин „Национален Интерес“ (National Interest (NI). Советскиот „супертенк“ според своите карактеристики ќе беше подобар од современите тенкови на НАТО, доколку беше пуштени во производство во тоа време, истакнува овој весник.

Според податоците што ги изнесува NI, Русија сѐ до 2010 година го развивала проектот Т-95 за на крај да се откаже од него и да се посвети на посовремениот тенк Т-14 Армата. Треба да се истакне дека Т-95 сепак беше помоќен од „Армата“, тврди американскиот весник а пренесува агенцијата РИА „Новости“.

Проектот под називот „Објект 195“ стартуваше во 1988 година. Беше планирано да се направи машина подобра од повеќето модели на оклопна техника на Северноатлантската алијанса. Советите сметаа на тоа дека Т-95 ќе има поголем ефективен дострел, дека ќе биде поотпорен и дека неговиот учинок ќе биде поразорен од учинокот на старите модели на советските тенкови, пишува NI.

Во планираниот тенк се наоѓаше посебна кабина за тројца членови на екипажот, а куполата беше автоматска. Подоцна таа идеја беше применета во „Армата“. Покрај тоа, „Објектот 195“ имаше и систем за активна заштита што сега се применува кај Т-14, како и динамична противкумулативна заштита и комбиниран оклоп.

Т-95 имаше и повисока купола и со самото тоа значително поголем вертикален дијапазон на гаѓање. Имаше и топ 2A83 со мазна цевка калибар 152 милиметри кој можеше да пука со сите видови артилериски проектили, вклучувајќи ги веројатно и оние со нуклеарно полнење.

Креаторите на проектот имаа идеја во Т-95 да вградат и термовизиски и оптички нишан со голем дијапазон, како и радарски нишан. Со помош на беспилотни летала и други средства тенкот можеше да погоди цели надвор од своето видно поле.

Сегашниот модел Т-14 „Армата“ не наследи некои од предностите на „Објектот 195“, но сепак е во подобра позиција бидејќи од 2010 година технологиите значително напредуваа, заклучува авторот на статијата.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња